Амела од Скопје за синот со аутизам: „Тие не беа таму кога врескаше во автомобилот, кога се удираше себеси и мене, додека возев“

amela-od-skopje-za-sinot-so-autizam-tie-ne-bea-tamu-koga-vreskashe-vo-avtomobilot-koga-se-udirashe-sebesi-i-mene-dodeka-vozev-04.jpg

Сине, аутизмот не е твоја граница. Тоа е твојата врата кон друг свет.

Свет што го учам од тебе секој ден. Свет без лицемерие. Без филтри. Без лажни зборови. Свет во кој љубовта не се зборува - се чувствува.

Твоето молчење беше твојот јазик. Твоите движења беа твоја порака. Твоите мали чекори беа големи победи. И никој нема право да ги мери тие победи според „стандардите“.

И сега, една порака до општеството и системот:

Доста е декларативна поддршка и „инклузија“ на хартија.

Доста е од кампањи што траат еден ден, а децата како моето се заборавени целиот остаток од годината. Не ни треба жал, ни треба промена.

Родителите како мене не бараат сожалување бараат вистинска поддршка. Секоја мајка/татко што води дете низ свет што не го прифаќа, заслужува да не биде сам/а.

И до сите родители што тивко се борат:

Не се плашете. Не се срамете. Не се предавајте.

Вашето дете ве избра вас со причина. Вие сте неговиот глас, неговото рамо, неговиот свет.

Ништо не е изгубено додека има љубов.

А љубов има … премногу. И таа ќе ве однесе подалеку од што сте сонувале“.

Прочитајте и Амела од Скопје e мајка на две деца со попреченост: „Леон имаше најтежок степен на аутизам, а сега е дете со натпросечна интелигенција“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...

Најчитани неделава