Maja Kикириткова закрепнува по сообраќајка, Антониа Гиговска простира облека со синот: Што прават нашите ѕвезди деновиве?
- Детали
- понеделник, 12 мај 2025
„Бев на невролог и трауматолог, од ударот имам диксус хернија на 5 и 6 пршлен...“, вели Маја Кикириткова по незгодата, каде несовесен возач ја удрил и избегал. Сара Мејс го бања новиот миленик, Mилена Антовска беше кума на свадба, Павле Камилоски блесна во розово одело, а Сузана Спасовска доби награда од македонско патриотско здружение.
Сара Мејс прими уште еден член во својот дом и сега нејзиното семејство е уште побогато. Станува збор за кученце од нејзиниот миленик Атос.
Огнен Јанески прослави роденден, а Тамара Тодевска направи концерт за паметење.
Маја Кикириткова се пожали дека несовесен возач ја удрил и избегал, па сега се соочува со последици по здравјето.
Маја Кикириткова:
„Фала ви на секоја една порака, уште враќам, бидејќи се навистина многу, а навистина не сум способна да седам на телефон.
Денес правев магнетна резонанца, имам оштетување на некои пршлени, па утре ќе одам на невролог и трауматолог за да видиме што понатаму. Морам да носам шанцова тврда кравата, примам терапија и верувајте навистина не е пријатно вака постојано да сум дома. Фала ви уште еднаш за секоја убава мисла, совет...
Успеав и коса да измијам, ама не успеав да ја исфенирам. Шега на страна, денес сум подобра. Бев на невролог и трауматолог, од ударот имам диксус хернија на 5 и 6 пршлен.
Одмарање 2-3 недели и потоа на физикална. Ако има некој со овој проблем, слободно може да сподели искуство“.
Што прават македонските ѕвезди деновиве?
Маја Кикириткова се справува со повредите, откако возач, кој возел непрописно, ја удрил со автомобилот и избегал
Антониа Гиговска простира облека со помош на синот Киан
Сара Мејс и Димитар Атанасовски, покрај Атос, сега имаат уште едно кученце дома
Полина Тасева работи на својата фит форма
Taмара Тодевска направи историски концерт за паметење за жртвите од Кочани, а на сцената се појави во креација од Ношпал
Елена Најдоски
Дани Димитровска
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





