Никола од Охрид на уникатен начин ја запроси саканата во Дубаи: „Прстенот е мој дизајн – има цела приказна за нашата љубов во него“
Сега се смееме со моите пријатели дека можам да бидам советник за прстени, затоа што поминав многу време истражувајќи за материјалите, дијамантите, за дизајните и секако поставувајќи индиректни прашања кои Катарина нема да ги регистрира, а сепак ќе ме донесат поблиску до нејзиниот замислен дизајн.
Целиот процес траеше скоро три месеци, два пред да ја контактирам фирмата, и еден месец за дефинирање на дизајнот заедно до целосна изработка.
Работев заедно со британска фирма во Дубаи (се вика Фергус Џејмс), која ја најдов на Гугл Мапс затоа што имаа 5.0 рецензии од околу 2000 клиенти и тие ја пренесоа мојата замисла во реализација.
Знаев дека Катарина не сака злато, затоа што целиот нејзин накит е сребрен и знаев дека не сака класичен веренички прстен.
Затоа како база на прстенот одбрав платина која ја искомбиниравме со природен розов сафир и по два класични дијаманти од двете страни за да се комплетира целиот изглед на прстенот.
Целата идеја беше да се прикаже како две страни доаѓаат, се запознаваат и растат заедно создавајќи ја таа магија наречена љубов која е симболизирана со розовата боја на средината.
Секако во целиот процес ми требаше малку храброст да верувам дека сè ќе пројде како што треба, но Дубаи или ОАЕ се познати по безбедноста и сигурноста, така што немав дилема дека станува збор за професионалци.
Целата комуникација беше преку апликација, без телефонски повици и можам да кажам дека одговорија на секоја моја желба, каприц, барање до максимум и бев пресреќен со крајниот резултат. Особено затоа што знам дека прстенот е баш наш.
Затоа мислам дека умешно криев дека нешто се крчка, затоа што кореспонденот од фирмата го потпишав како колега од работа, па кога и да пратеше некое прашање само ќе кажев дека „Пак ме замараат од работа".
Прстенот немаше потреба да го кријам, затоа што го немав 3 часа пред запросувањето (ха ха). Дубаи за мене е како земја на чудата, која нуди услуги за своите клиенти кои мислам дека ги нема никаде во Европа.
На тој начин фирмата го испрати преку курир на мотор, прстенот стигна во црна кутија, до ден денес се смеам дека таа сцена од страна мора да изгледала како по мафијашките Џејмс Бонд филмови кога вршат предавање на некои тајни шифри.
Јас се извлеков со изговор дека сум јадел нешто лошо и дека морам до тоалет, па имав некои 15 минути каде што не е сомнително додека чекав да стигне курирот.
Кога стигна на паркингот на плажата, само отворив да видам дали сè е во ред, и го ставив во ранецот во кој беа сите наши работи за на плажа.
За запросувањето не знаеше скоро никој особено не од нашите фамилии и од кругот на луѓе со кои се движиме секојдневно во Германија.
Секако при подготовките сфатив дека сам сè нема да можам, па затоа се обратив на мојата долгогодишна пријателка која ми даваше совети за дизајнот на прстенот затоа што дефинитивно за тоа требаше женско око со изострена уметничка душа и Марио и Софија, кои живеат и работат во Дубаи.
Тие беа задолжени да ми помогнат со некои реквизити како и со букетот и шампањот, затоа што немаше како да ги скријам без да бидам фатен на дело.
Од срце им благодарам за сè и мислам дека нема начин да им се оддолжам за сите нивни совети и за целата таа помош во овој процес.
Детали за самиот чин на запросување прочитајте на следната страница...
Би можело да ве интересира:





