Никола од Охрид на уникатен начин ја запроси саканата во Дубаи: „Прстенот е мој дизајн – има цела приказна за нашата љубов во него“
- Детали
- вторник, 13 мај 2025
Едно од најуникатните запросувања на CRNOBELO, кое крие цела љубовна приказна... „Прстенот го дизајнирав сам во соработка со бренд од Дубаи – прикажува две страни кои се сретнуваат, растат и создаваат магија наречена љубов која е симболизирана со розовиот сафир во средина. Прстенот ми го донесе курир на мотор, 3 часа пред запросувањето“ – раскажува Никола од Охрид за CRNOBELO.com.
Никола Буџак (29) од Охрид е м-р по Компјутерски Науки и Инженерство на факултетот за математика и информатика при Технички Универзитет Минхен, моментално работи како инженер истражувач со фокус на имплементирање вештачка интелегенција во медицинската роботика.
Неговата избраничка, Катарина Вебер (27) е м-р по Германистика на институтот за филологија при универзитетот Лудвиг Максимилијан во Минхен, која моментално работи како професор по германски јазик за гимназиско образование и како приватен тутор по германски јазик како странски јазик.
Тие се заедно од крајот на 2019 и моментално живеат во центарот на Минхен, а неодамна тој ја побара саканата за сопруга, на уникатен начин, полн со емоции и љубовна приказна проткаена низ секој чекор од процесот.
Од изборот на веренички прстен кој бил негов дизајн, до приказната која се крие во неговата изработка, но и причината зошто го одбрал Дубаи и конкретната плажа за самиот чин, како и емотивниот момент на запросувањето, зборовите кои ѝ ги кажал и забрзаното чукање на срцето, Никола ни раскажа до детали како изгледал процесот.
Во продолжение Никола за CRNOBELO.com детално раскажува за емотивното запросување...
Запросувањето се случи во Дубаи на Kite Beach, а одлуката да биде во Дубаи падна при едно мое службено патување во октомври минатата година, знаев само дека тоа ќе биде местото, но не знаев и кога ќе имаме можност двајцата да бидеме таму.
Но на мое големо задоволство Катарина предложи велгиденските празници да ги поминеме во Дубаи, затоа што и таа беше импресионирана од прекрасните пејзажи кои барем малку успеав да ги пренесам преку мојата камера.
Па така, некаде во јануари ми стана јасно дека треба да ги засукам ракавите и да организирам нешто по наш вкус.
Кога бев претходно сам, имав 10 слободни дена и имав можност сам со мојата камера, да се движам пешки низ Дубаи, што е доста ретко, бидејќи многумина користат такси или автомобил, но јас толку уживав во сонцето и топлината и фактот дека можам да се пикнам секаде и да искусам многу места кои се затскриени или подалеку од целиот тој познат гламур на Дубаи.
На тој начин имав можност да зборувам со локалното население и да искусам работи кои ајде да кажеме можеби не се толку наменети за туристи.
Нема да ги негирам огромните згради кои се навистина за восхит и сè она што е изградено таму, но за мене пофасцинантни беа боите кои ги нуди зајдисонцето и изгрејсонцето, обичните луѓе од целиот свет и нивните приказни.
Така што покрај целиот тој луксуз и гламур кој го има во изобилие, јас се заљубив во сонцето, во плажите, во небото, искрените зборови на луѓето, нивните искрени насмевки, во природата, во она што велам што „Не можеш да го купиш со пари".
Целата таа симболика која некако зборува за пронајдена убавина среде луксуз, која е „далеку од луксузот" ми беше симболика за нашата врска во која се трудиме секогаш да бидеме искрени, отворени, без преправање и без ставање акцент на неважни работи.
Двајцата сме „деца" кои обожаваат изгрејсонце и зајдисонце, плажа и топло време. Всушност и еден од нашите први состаноци кој го памтам како денес беше на велигденското утро пред пет години во 5 часот наутро на врвот на Олимпискиот Парк во Минхен.
Така што целата таа приказна звучеше како нас и немаше никаков сомнеж дека тоа треба да биде местото. Знаете тоа е она кога нешто ви зборува одвнатре дека тука треба да биде.
Прстенот е мој личен дизајн и не можев да си поверувам колку прашања доаѓаат при изработката кога сакате да создадете ваш уникатен дизајн.
На следната страница прочитајте повеќе за процесот на дизајнирање на прстенот и за запросувањето...
Би можело да ве интересира:





