Димитар Радески од Прилеп се избори со ракот по 2 години: „Моето семејство, моите херои спиеја пред болнички врати - им благодарам“

„После еден повик во 23:00 навечер, со реченицата „Димитар, имаш рак” дотогаш изградениот лик Димитар исчезна во времетраење на еден телефонски повик со докторот.  Што ми помина прво низ глава? - Само моето семејство и како ќе го преживеат сето ова...“, вели Димитар Радески од Прилеп во емотивна објава.

dimitar-radeski-od-bitola-se-izbori-so-rakot-po-2-godini-moeto-semejstvo-moite-heroi-spieja-pred-bolnichki-vrati-im-blagodaram-01.jpg

Димитар Радески од Прилеп е младо момче кое многу рано во животот мораше да ја води најтешката битка.

Тој две години се бореше со ракот, а сега на својот Фејсбук профил напиша емотивна објава во која откри дека ја извојувал битката, но дека борбата нема да престане.

Вели дека повеќе не е истата личност и дека му е преблагодарен на своето семејство за поддршката.

dimitar-radeski-od-bitola-se-izbori-so-rakot-po-2-godini-moeto-semejstvo-moite-heroi-spieja-pred-bolnichki-vrati-im-blagodaram-02.jpg

Неговата објава гласи:

„Слава ти Господе, голем си!

Моето тело се избори со канцерот другари!

12.02.’23 - 03.04.’25

dimitar-radeski-od-bitola-se-izbori-so-rakot-po-2-godini-moeto-semejstvo-moite-heroi-spieja-pred-bolnichki-vrati-im-blagodaram-03.jpg

Дојде тивко. Не ме праша за време и години, не праша дали сум спремен или не, дали имам доволно сила да се одбранам од неговиот напад.

Сфатив зошто го нарекуваат „подмолен”, ме јадел внатрешно без да ми наговести…

И, да, после еден повик (првиот датум) во 23:00 навечер, со реченицата „Димитар, имаш рак” дотогаш изградениот лик Димитар исчезна во времетраење на еден телефонски повик со докторот.

Што ми помина прво низ глава? - Само моето семејство и тоа како ќе го преживеат сето ова, и тоа беше мојот фокус буквално секоја секунда цел овој период.

dimitar-radeski-od-bitola-se-izbori-so-rakot-po-2-godini-moeto-semejstvo-moite-heroi-spieja-pred-bolnichki-vrati-im-blagodaram-05.jpg

Мене ми беше сеедно, коешто сеедно ме доведе до самиот раб, каде што Бог ме благослови и врати повторно на земскиот свет.

Се обидувам да бидам „благ” со зборови, не сакам да ги прикажувам тешките ситуации од овој мрак.

Повеќе од две години, секој еден ден поминат низ агонија, страдање, болка, шокови, соочувања и што уште не.

Процес на лекување во кој моето тело полека ја повлекуваше фронтната линија наназад, но никогаш не ме издаде и не се откажа.

dimitar-radeski-od-bitola-se-izbori-so-rakot-po-2-godini-moeto-semejstvo-moite-heroi-spieja-pred-bolnichki-vrati-im-blagodaram-06.jpg

Некои го нарекоа и феномен после сè она низ што успеа да опстане.

После двегодишната борба, животни прогнози, страдање, сестра Надица неможејќи да издржи докторот да ме извести, ми наговести со зборовите „Фрли ја марамата, трчај по резултатот и заборави на сѐ”.

И, така, на вториот датум дознавме дека моето тело се избори со најтешкиот дел, а мене ми ја додаде придавката ЗДРАВ!

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Каде е и што прави денес Ивана, водителката од „На детски начин“ и „Сител бамбини“? „На 4 години ја имав првата средба со камерата во МРТВ.  Тогаш сè изгледаше...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Марио од 2Бона: „Девојка ми ми кажа дека не може да остане бремена - сега имаме 3 ембриони спремни з... „Ми рече не можам да останам трудна, родена сум со синдром. Mojaта реакција беше...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...

Најчитани неделава