Хелена Роза горда на својата ќерка - Кјара дипломираше на втор факултет во Нов Зеланд и прослави со семејството
- Детали
- петок, 16 мај 2025
Кјара Пауни, ќерката на Хелена Роза, уште еднаш покажа колку е успешна и амбициозна во својата професионална кариера и во желбата да биде успешен адвокат, но и да биде дел од политичкиот живот на Нов Зеланд.
Кјара, неодамна официјално стана адвокат во Нов Зеланд, а сега зеде дипломи за двата завршени факултети - правен и општествени студии.
Церемонијата на свеченото доделување дипломи се одржа вчера (15.05), а меѓу оние кои ја бодреа беше и нејзиниот сопруг, како и мајка ѝ Хелена со сопругот Игор, и помалиот брат на Кјара, Тијан.
Тие ѝ подарија прекрасни букети цвеќе, а Кјара позираше со дипломата, во црна наметка и дипломска капа на главата. Фотографиите ги објави на Инстаграм, со порака: „Двојна диплома“.
Нејзината мајка, поранешната водителка Хелена Роза, пак, не ја криеше гордоста поради новиот успех на Кјара.
За CRNOBELO.com, Хелена откри:
„Кјара имаше церемонија на официјално земање на дипломите. Таа заврши два факултета - претходно правен, а сега и општествени студии со специјализација за меѓународни односи и политика.
Инаку, дипломираше на Универзитетот Оукленд, кој е најдобриот универзитет на Нов Зеланд“.
Погледнете повеќе фотографии:
Прочитајте и Ќерката на Хелена Роза стана адвокат во Нов Зеланд: Бела перика и црна наметка за заклетвата, поддршка од семејството
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





