Сандра Кирков, по борбата со пневмонијата, ужива во Турција: „Морето ми е лек, a Сиде ми е омилен од Турската Ривиера“
- Детали
- сабота, 24 мај 2025
Од живописниот град Сиде, познат по античката историја, до Белек - познат по елитните ресорти, инфлуенсерката Сандра Кирков ужива на плажите во Турција и по борбата со пневмонијата вели дека ваков одмор навистина ѝ бил потребен. Таа сè уште пие коритко и ги чувствува последиците.
Нашата инфлуенсерка Сандра Кирков јавно зборуваше за тешката борба со пневмонијата, престојот во болница, како и за долгото лекување и третман.
На почетокот од мај таа откри дека и по 5 месеци лекување, состојбата со нејзините бели дробови уште не е комплетно средена, дека пие кортико и од овие лекарства има низа негативни ефекти, но дека се чувствува многу подобро од претходно.
Прочитајте и Сандра Кирков за пневмонијата: „Доктор ми го виде рендгенот и врескаше ‘Ти ќе умреш ако не лежиш во болница’“
Сега, Сандра одлучи да замине на море во Турција, затоа што вели дека за неа морето секогаш е најдобриот лек.
На својот Инстаграм профил таа напиша:
„Морето секогаш ми било лек за сè, тука сум најсвоја.
Од плажа никогаш нема да ми биде доста! Топол песок, сино море и милион причини за насмевки.
Престојот на море ти е буквално терапија без зборови. Срцето тивко се смее, се радува.
Особено кога ќе ти се погоди плажата, па ќе шеташ, ќе уживаш и ќе гледаш во бескрајното синило“.
Таа откри дека од Турската Ривиера омилен дел ѝ е Сиде, а дека најлуксузните хотели ги видела во Белек.
Сиде е живописен крајбрежен антички град во Турција, сместен на Медитеранот, околу 65 километри источно од Анталија.
Градот нуди уникатна комбинација на античка историја, прекрасни плажи и модерни туристички содржини, што го прави идеална дестинација за одмор.
Белек, пак, е елитна туристичка дестинација на 36 километри источно од Анталија. Познат е по своите луксузни ресорти со голф терени, како и по беспрекорно чистите песочни плажи.
Прочитајте и Сандра Кирков и по 5 месеци ја лекува пневмонијата: „Уште не е повлечена, пијам кортико и ги имав сите лоши нус-појави “
Повеќе фотографии од Сандра во Турција:
Повеќе фотографии на следната страница...
Би можело да ве интересира:





