Кои се партнерите на македонските радио водители?
- Детали
- недела, 01 јуни 2025
Секојдневно ги слушате на радио и се „дружите“ со нив. Но, покрај тоа што им го препознавате гласот, дали знаете кои се нивните поубави или посилни половини? Ова се партнерите на македонските радио водители...
Едни се во брак долги години, други, пак, имаат врска која ја негуваат и ги прави среќни. Но на овие наши радио-водители едно им е заедничко - зад себе имаат личност која им е и поддршка и ветер во грб.
Од Елена Романова, преку Ненад Ѓеоргивески, до Зорица Николовска од „Будење со Тик Так и Зорка“... како изгледаат поубавите или посилните половини на нашите радио водители?
Сања Стојковска од Сити радио со дечкото Александер Алексов Балабанов
фото: Инстаграм
Зорица Николовска од Македонско радио 2, која ја води емисијата „Будење со Тик Так и Зорка“ е во брак со Горан, со кого има две деца
фото: Инстаграм
Димитар Атанасовски со сопругата Сара Мејс
фото: Инстаграм
Ненад Ѓоргиевски од Македонско радио 2, долги години е во брак со Горана
фото: Инстаграм
Елена Романова од Сити радио е во брак со Душан Петровски, односно популарниот @modernizamirenesansa
фото: Инстаграм
Водителот и уредник на Македонско радио 2, Зоран Мирчевски долги години е со својата партнерка Тања
фото: CRNOBELO.com
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





