На 77 години почина актерката Соња Каранџуловска

На 77 години почина актерката Соња Каранџуловска, дел од Македонскиот народен театар.

na-77-godini-pochina-akterkata-sonja-karandjulovska-01.jpg

Веста за починувањето на Каранџуловска ја соопштија од театарот, од каде што изразија сочувство до семејството и жалење за нејзината смрт.

Во соопштението од МНТ се вели:

„Со голема болка и жалење ве известуваме дека почина нашата колешка, актерката Соња Каранџуловска (1948 - 2025).

Каранџуловска дипломира на Факултетот за драмски уметности во Скопје во 1971 година, во првата генерација на дипломирани актери, во класата на проф. Илија Милчин. Во МНТ работи од 1974 до 2014 година.

na-77-godini-pochina-akterkata-sonja-karandjulovska-03.jpg

На сцената на МНТ, игра уште пред вработувањето. Прва улога и е Авдотја во претставата „Децата на сонцето“ (1973), во режија на Илија Милчин.

Следуваат, меѓу останатите, Ангелина во „Потоп“ (1974), Лиза Дроздова во „Бесови“ (1978), Малтескињата Лезли во „Кенгурски скок“ (1979), Валерија во „Лов на диви пајки“ (1979), Паулина  во „Череп“ (1980), Рената во „Војна и мир во Груда“ (1981), Нора во „Габи“ (1982), Анка во „Госпоѓа министерка“ (1983), Доли, пудлата, во „Воена тајна“ (1984), Мараја во „Слободни врски“ (1984), Клара во „Големиот брилјантен валцер“ (1986), Марија Луиса Балванера во „Еригон“ (1999), Болничарка во „Мара/Сад“ (2008), а последна и е улогата во „Троил и Кресида“ (2010).

na-77-godini-pochina-akterkata-sonja-karandjulovska-06.jpg

Особено значајна и карактеристична и е монодрамата „Клитемнестра“, во продукција на Македонски народен театар, Скопје, а чија премиера е на 9 октомври 2002 година.

Истата година со оваа претстава настапува на Фестивал на монодрама во Битола, фестивалот на монодрама во Земун и на „Барско лето“, Бар, во 2003 година.

„Клитемнестра“ е разултат на она што ја карактеризираше Каранџуловска – желбата да се биде на сцена, огромната амбиција кон големите дела и беспрекорната работливост што ја красеше.

na-77-godini-pochina-akterkata-sonja-karandjulovska-04.jpg

Покрај во театар, игра и на филм: „Новогодишен карусел“ (ТВ филм, 1979), „Томе од бензиската пумпа“ (ТВ филм, 1979), „Време води“ (1980), „Хај-фај“ ТВ филм, 1987), „Пикасо“ (ТВ филм, 1987), „Марија лета со авион“ (ТВ филм, 1988), „Денес, утре“ (ТВ филм, 1998) и „Година на мајмунот“ (2018). Игра и во сериите: „Македонски народни приказни“ (од 1994 до 2017), „На наш начин“, „Легенди и преданија“, „Трето доба“, „Погрешно време“, „Обични луѓе“, „Од денес за утре“, „Турни ме да кинисам“, „Приказни од животот“ и „Преспав“.

na-77-godini-pochina-akterkata-sonja-karandjulovska-05.jpg

Македонскиот народен театар сочувствува со болката на семејството, пријателите и колегите. Вечна и слава!“

na-77-godini-pochina-akterkata-sonja-karandjulovska-07.jpg

Би можело да ве интересира:

Почина Зоки Панкер, урбана легенда и газда на „Балет“ Почина Зоки Панкер – газдата на „Балет“, урбана легенда и култен градски лик. Ли...
Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...

Најчитани неделава