Маја Кикириткова позира во бикини – го покажа фит телото на кампување со шатор во Арменистис (фото)
- Детали
- среда, 28 мај 2025
По повредата од сообраќајна незгода, 39-годишната дизајнерка и инфлуенсерка, покажа дека е во фит форма, додека ужива на одмор со двете деца и сопругот во Арменистис, каде кампуваат со шатор над автомобилот.
Минатата година, Маја Кикириткова за првпат со семејството го искуси кампувањето со шатор наменет за на автомобил и рече дека отсега нивните одмори ќе изгледаат токму така.
Сега, тие ја отворија сезоната на кампување 2025, а викендов споделуваше фотки и видеа од нивниот престој во кампот Арменистис, на вториот крак во Грција.
Маја откри дека кога одат во камп, битно ѝ е плажата да е блиску до парцелата каде се сместени, како и просторот за миење садови и тоалетот да не се премногу оддалечени, што овој пат им се погодило одлично, па дури и се пошегува дека нејзината ќерка е задолжена за садовите.
Единственото нешто што не ѝ се допаѓа, вели дека е жолта водата во кампот, која наводно преку цела година е таква.
Сепак, тоа не ја спречува 39-годишната модна дизајнерка и инфлуенсерка да ужива во убавините на кампувањето, во топлото време покрај плажа, забавата со децата и вкусната храна во грчките таверни.
Таа објави и фотки на кои позира во црно-бели бикини на плажа, со суп-даска и покажа дека е во одлична и фит форма.
Инаку, неодамна Маја имаше непријатна случка, кога во сообраќајна незгода го повреди вратот, па сега дополнително закрепнува.
Погледнете повеќе фотки од нејзината фит форма и одморот во камп:
Прочитајте и Маја Кикириткова кампуваше во шатор над автомобил во Љубаништа: „Се мести за 3 минути, внатре може да спијат 6 лица“
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





