На одмор со Ксенија Николова: „Со сопругот го посетивме Кипар за првпат - 2 лежалки и чадор беа 7 евра, а морето беше кристално“
- Детали
- вторник, 15 јули 2025
„Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место. Плажите се преубави и целосно песочни, а водата е кристално чиста. Температурите не се превисоки, барем нам не ни се случи такво сценарио“, споделува Ксенија Николова за CRNOBELO.com.

Писателката Ксенија Николова со сопругот Ненад, ракометен судија по професија и сопственик на семеен бизнис, годинава како дестинација за летен одмор во јули го избраа Кипар.
Кипар е трет по големина остров во Средоземното Море, по Сицилија и Сардинија, а е сместен помеѓу Јужна Европа и Блискиот Исток.
За летувањето Ксенија споделува за CRNOBELO.com:
„Оваа година се одлучивме да го посетиме Кипар, дестинација која досега не била дел од нашиот летен одмор.

Сакавме да посетиме некое ново место и брзо се согласивме дека токму Кипар би бил одличен избор.
Кипар ни се допаѓа многу, има многу што да се види и е преубава дестинација за уживање.

Сместени сме во Аја Напа, познато туристичко место на југоисточниот брег на островот.
Плажите се преубави и целосно песочни, а водата кристално чиста.
Температурите не се превисоки, барем нам не ни се случи такво сценарио, имавме среќа да уживаме во нормална клима, во комбинација со нежно пријатно ветре.

Прочитајте и „Бев во Кипар, со автобус од Скопје, па со авион од Солун - зошто оваа дестинација ми се допадна?“
Што се однесува на цените, две лежалки и чадор ќе ве чинат 7 и пол евра, кафе 3 и пол евра, вода 1 евро и половина.
Навечер шетаме во градот и посетивме доста интересни ресторани, пробавме локална храна, но и интернационални специјалитети.
Цените во рестораните варираат, има голем избор и мислам дека секој ќе си го најде она што му одговара.

Она по што ќе го паметам овој одмор е тоа што се осмелив да искусам парасејлинг, односно двајцата да летаме со падобран над вода додека нѐ влече глисер.
Тоа беше едно неверојатно искуство и за мене голем чекор на соочување со стравот од височина или секој тип на адреналин.

Генерално, овој одмор беше полн погодок и со сигурност би го посетиле Кипар повторно, во некоја поинаква режија“.
Прочитајте и Љубовната приказна на Ксенија Николова и Ненад: „Ми беше симпатија уште во средно, тој е моето сидро, а јас неговото море“
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
