Кул мајка си ги вози децата низ Скопје на скутер со приколка: „Тие бираат со што ќе одиме во градинка, имаме голема колекција“
- Детали
- четврток, 29 мај 2025
Кул мајката која си ги вози децата низ Скопје на скутер со приколка, но и на мотоцикл, и шири позитивна енергија, е поранешната ракометарка Ина Суслина, која за CRNOBELO.com вели: „Со сопругот сме фанатици на мотоцикли и скутери и имаме голема колекција, а жолтиот минион со приколка е безбеден и практичен начин за возење со децата - уживаме“.

Веќе подолг период на социјалните мрежи се шират кул фотки од улиците на Скопје, на кои мајка ги вози децата на скутер со странична приколка.
Станува збор за легендарната Ина Суслина, поранешната руска ракометарка која живее во Скопје, а играше за ЖРК Вардар.
Ја контактиравме да ни каже нешто повеќе за нивната семејна пасија кон мотоциклите, како и за тоа колку е практично ова превозно средство за со деца.

Таа за CRNOBELO.cом откри дека имаат голема колекција на мотоцикли и дека често се во центарот на вниманието заради тоа низ улиците на главниот град.
„Баш ме насмеа пред неколку дена вниманието кое го привлече нашиот жолт минион. Изненадена сум, но разбирам – шарени возиме низ градот, гледаме насмевки, гледаме како нè сликаат, едноставно шириме позитивно расположение.
Ние со сопругот сме големи фанатици на мотицикли и скутери и имаме голема колекција, а сега се појави и нова љубов кон електричниот велосипед Mate.

Секој од нив ни значи и ни е сакан на посебен начин. Ова минионче со приколка беше љубов на прв поглед. Но, и убава можност безбедно да се движам со дечињата.
Секое утро, тие бираат со кој мотоцикл ќе одиме во градинка и со кој треба да ги земеме после. Скоро секој ден го возиме жолтиот.

Практично е, убаво и безбедно, возиме полека, си разговараме и уживаме. За нас тоа е омилен свет“ - вели Ина во изјава за CRNOBELO.com.






©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
M. M. | Црнобело
Фото: приватна архива