Македонка која живее во Осло се пожали за Скопје: „Среќна сум што не ги растам децата тука – небезбедни игралишта, те гледаат чудно ако доиш“
- Кафичите не сe baby friendly: гласна музика (исто така и низ продавници), влезови со скали, тесни врати, нема посебно место за пресоблекување или доење.
- Кога се движиш по тротоар, имаш чувство како да си во лавиринт, одиш право и одеднаш пред тебе дрво, дупка, или паркирана кола. Мораш да си бараш пат како да излезеш....

- Ѓубре на секој ќош... Оланна е навикната и да легне на земја во Осло од што е толку чисто, а тука се плашам и тревата да ја допре.
- Толку многу небезбедни игралишта, со скршени делови што можат да бидат опасни...

Не сум од тие што се жалат на Инстаграм, ама после 20 дена во Скопје со две деца, почнав да гледам работи што не можев да не ги видам.
Си викам: диши длабоко, смири се, ти живееш во Осло не е толку страшно.
Но, сè додека Оланна е среќна со баба, дедо, тета, Филип и Лиа, сè друго паѓа во сенка. Нејзината среќа кога доаѓаме во Скопје ме тера да ги ифнорирам сите недостатоци и да уживам со најблиските.


Прочитајте и Типови на луѓе на кои наидувам додека шетам со бебе низ Скопје
М. М. | Црнобело