Јорданчо клекна пред саканата Ангела на плажа во Бразил - Филмско запросување со рози и свеќи
- Детали
- вторник, 03 јуни 2025
„Запросувањето се случи уште првиот ден, штом стигнавме во Рио. Бевме на плажата Barra da Tijuca, една од најубавите во градот, со златен песок, бранови и неверојатните зајдисонца. А таму имаше огромно срце од бели рози, свеќи, латици и вино - како сцена од филм“, вели Ангела за романтичното запросување во Бразил.
Ангела Пејовска (24) од Прилеп, која работи како фриленс графички дизајнер и Јорданчо Наумоски (30), фудбалер на ФК Пелистер, се свршија на плажа во Рио де Жанеиро во Бразил.
По 8 години врска, која почнала откако се запознале преку заеднички пријатели, Јорданчо клекна на колено и ја побара Ангела за сопруга.
За овој волшебен момент од нејзиниот живот, Ангела раскажа за CRNOBELO.com:
„Не очекував дека ќе ме запроси, но ми помина низ глава бидејќи Рио де Жанеиро е неговата омилена дестинација.
И покрај тоа што на некој начин го насетував моментот, сепак бев изненадена, затоа што начинот на кој го направи, беше прекрасно осмислен.
Запросувањето се случи уште првиот ден, штом стигнавме во Рио.
Бевме на плажата Barra da Tijuca, една од најубавите плажи во градот, позната по златниот песок, брановите и неверојатните зајдисонца.
Атмосферата беше магична.
Имаше огромно срце од бели рози на самата плажа, свеќи, латици и вино… изгледаше како сцена од филм.
Беше точно онака како што секоја девојка си замислува идеално запросување.
Сѐ беше толку убаво направено што останав без зборови.
Знаев дека ќе биде нешто посебно, но начинот на кој сѐ беше организирано навистина ги надмина сите мои очекувања.
Прстенот ми е точен, а Јорданчо го одбрал со мала помош од негов другар.
Тој имаше трема пред да ме побара за сопруга, бидејќи беше многу возбуден.
За запросувањето прво им кажавме на нашите семејства и најблиските пријатели.
Сите се израдуваа многу, беше преубав момент исполнет со емоции и честитки.
Сѐ уште немаме конкретни планови за свадбата, но сигурно наскоро ќе почнеме да ги правиме“.
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





