Македонецот што ќе пее вечерва во финалето на Ѕвездите на Гранд за CRNOBELO: „Цеца многу ми помага“
- Детали
- сабота, 28 јуни 2025
„Цеца е клучна затоа што знаеше дека со македонските песни народот ќе ме запамети, ќе ме засака, жирито нема да може да ми најде мана и дека ќе ги освојам македонските срца“, вели Никола Станишиќ (25) од Волково кој вечерва ќе се бори во финалето.

Никола Станишиќ (25) од Волково, Скопје, вечерва (26.06) ќе се натпреварува во финалето на Ѕвездите на Гранд.

Тој има завршено гимназија, а потоа не продолжил со школувањето затоа што веднаш започнал да работи.
Музиката му е најголема љубов, а талентот го наследил од татко си.

Неговиот моќен вокал и емоциите во изведбите го освоија цел регион.
Негов ментор е Цеца.
Пред финалето Никола за CRNOBELO.com вели:
„Мислам дека најсилен впечаток оставив во 3-тиот круг затоа што таму почнав со македонските песни.

Песната со која се претставив тогаш - „Ќе ти дојдам вечер“ буквално стана хит во Србија и ме препознаваат по таа песна.
Мора да признаам дека Цеца е клучна затоа што знаеше што прави – жената е искусна во својата работа и знаеше дека со македонските песни народот ќе ме запамети, ќе ме засака, жирито нема да може да ми најде мана и дека ќе ги освојам македонските срца.

Инаку и татко ми пее, се натпреваруваше во „Никад није касно“, но испадна пред полуфиналето“.
