Весна Петрушевска со ќерката Мина (20) му купи количка за прошетки на своето куче Минки, кое има и Инстаграм профил
- Детали
- вторник, 15 јули 2025
„Како го наместивме во количката веднаш ја прифати, како да знае дека е негова“, пишуваат од пет шопот од каде Весна ја купи количката за Минки, нејзиниот миленик од расата померанец, кој веќе бил и на сцената и на емисии со Весна.

Весна Петрушевска е вљубеничка во кучињата од расата померанци, а токму таков е и нејзиниот Минки, кој веќе има свој Инстаграм профил, а еднаш го видовме и на сцената со неа.


Сега, Весна заедно со нејзината ќерка Мина (20), која е вратена на посета од Дубаи, отиде да му купи количка за прошетки на Минки.

Со нив позираше и младиот актер Петар Маниќ од Тин Камп.

Инаку, Весна посветено се грижи за неколку миленици, а за атмосферата во нејзиниот дом не е задолжен само Минки.

Од пет шопот од каде што Весна ја купи количката напишаа:
„Минки ни беше денеска на гости и е спремен за нови авантури.
Како го наместивме во количката веднаш ја прифати, како да знае дека е негова.
Затоа од денеска може да нè дружи за прошетки, па дури и за кафе.
Праќаме љубов“




Кликнете на видеата:
Инаку, Минки има и свој Инстаграм профил, каде Весна е потпишана како негова мајка.
