Љубовни прегратки - Аделина Тахири и сопругот и 8 години по свадбата заљубени како на почетокот
- Детали
- вторник, 22 јули 2025
Пејачката објави нови фотографии со сопругот, на кои се прегрнуваат, разменуваат нежности и не ги тргаат насмевките од лицето.

Аделина Тахири наскоро ќе прослави 8 години брак со својот сопруг, адвокатот Серјожа Марков. Парот го има синот Јон, кој е плод на нивната љубов, а се роди во август 2018 година.
И покрај тоа што се скоро една деценија заедно, Аделина и Серјожа делува дека се заљубени како на почетокот на врската.

Пејачката објави нови фотографии со сопругот, на кои се прегрнуваат, разменуваат нежности и не ги тргаат насмевките од лицето.
Фотографиите, кои Аделина ги објави на Инстаграм, се направени на плажа, на едно од нивните патувања.

Наместо опис, таа стави емотикон човечко срце, како симбол на љубовта кон него, но и кон синот.
Аделина објави и неколку фотки во бикини, у повторно го покажа извајаното тело и дефинираните стомачни мускули.

Погледнете ги фотографиите:

