Аделина Тахири му прослави 7-ми роденден на синот со луксузна забава - се појави во чевли налик на боси стапала (фото+видео)
- Детали
- четврток, 04 септември 2025
Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со златни детали. Но, поголемо внимание привлекоа чевлите што ги носеше таа, а кои беа налик на босо стапало.

Јон, синот на Аделина Тахири и Серјожа Марков, наполни 7 години, а пејачката и нејзиниот сопруг му организираа луксузна забава со многу гости.
Роденденот го прославија во комплексот Злокуќани, а за тема на забавата беше Minеcraft.

Но, за децата беа ангажирани и пантомимичар, жонглери, маскоти животни, кои ги анимираа цело време и се грижеа најмалите да бидат среќни.
Аделина, како и секогаш, воодушеви со стајлингот - овој пат избра црн фустан со златни детали.

Но, поголемо внимание привлекоа чевлите што ги носеше таа, а кои беа налик на босо стапало.
Пред крајот на роденденот, Јон ги дувна свеќичките на тортата, додека неговите родители ги бакнуваат и се радуваат со него.

Дел од атмосферата на забавата ја сподели и Аделина, преку видео на Инстаграм.
„Родендените се секогаш поубави кога се слават со саканите. Среќен роденден Јони“, пишува во пораката.

Кликнете за да го погледнете видеото:
А. Ј. | Црнобело
