Викторија Лоба во ретка пригода проговори за односот со татко ѝ: „По разводот на моите, не бев толку блиска со него“

Викторија Лоба е родена во рускиот град Таганрог, родното место на познатиот писател Антон Павлович Чехов. Таа во ретка пригода сподели кога ѝ се заладил односот со татко ѝ вели „Мојата мајка навистина се потруди да имам сè што ми е потребно“.

viktorija-loba-vo-retka-prigoda-progovori-za-odnosot-so-tatko-i-po-razvodot-na-moite-ne-bev-tolku-bliska-so-nego-01.jpg

Викторија Лоба гостуваше во емисијата „Животна приказна“, која се емитува на МРТ и чиј водител и автор е Здравкица Милиќ.

Емисијата започна на 1 март 2025 година, а се емитува секоја сабота во 17:45 часот.

Во оваа емисија главната цел на Здравкица ѝ е да го прикаже приватните предизвици на познатите личности и со нив да поразговара и за приватни теми за кои можеби не говорат толку често.

Па, така во гостувањето кај неа, Лоба проговори за разводот на нејзините родители, како и за тоа во каков однос е со нејзиниот татко.

viktorija-loba-vo-retka-prigoda-progovori-za-odnosot-so-tatko-i-po-razvodot-na-moite-ne-bev-tolku-bliska-so-nego-04.jpg

Викторија Лоба е родена на 17 октомври 1988 година во градот Таганрог, Русија.

Ова е место на брегот на Азовското Море, со население од околу 245.000 жители.

viktorija-loba-vo-retka-prigoda-progovori-za-odnosot-so-tatko-i-po-razvodot-na-moite-ne-bev-tolku-bliska-so-nego-03.jpg

Таганрог е родното место на познатиот руски писател Антон Павлович Чехов.

Родителите ѝ се руско потекло, но од детските денови на Лоба Македонија ѝ е дом.

viktorija-loba-vo-retka-prigoda-progovori-za-odnosot-so-tatko-i-po-razvodot-na-moite-ne-bev-tolku-bliska-so-nego-02.jpg

Викторија Лоба на оваа тема вели:

„Како дете на разведени родители, секако дека детето живее со мајката најчесто и така малку сме се одделиле откако се преселив во Македонија и не бев толку блиска, за жал, со него.

Деновите не ги поминував со него, повеќе со мојата мајка којашто навистина се потруди да имам сè што ми е потребно.

Но, ете тоа е животот“.

На прашањето од водителката „Дали сте сега во контакт?“, Викторија вели...

„Па, да, некогаш си пишуваме...“

Кликнете на видеото каде говори на оваа тема:

Повеќе фотографии од неа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Таско (29) за борбата со алкохолот: „Чист сум 8 месеци, си признав дека имам проблем и ги фрлив шиши... „Пиев 15 години. Секој втор ден, алкохолот ми беше сè - утеха, бегство, изговор....
Јоце Панов за тешкото детство: „Татко ми почина на 49 години, уште памтам како стоев надвор и чекав ... „Моите родители ме чекале 11 години. Мајка ми останувала бремена, но се случувал...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...

Најчитани неделава