Зоран Настески, кој собори патник што се заканувал со бомба на лет до Шкотска, открива за CRNOBELO: „Го држев до самото слетување“
- Детали
- среда, 30 јули 2025
„Браво Зоране, ти си приземјен и храбар човек. Секоја ти чест!“ е само еден од пофалните коментари за потегот на овој Македонец. Зоран Настески директно од Шкотска за CRNOBELO.com открива детали како завршил летот и што се случувало потоа...

Зоран Настески од Скопје е херој од реалноста за сите патници на летот на „EasyJet“, кој леташе од аеродромот „Лондон Лутон“ до Глазгов.
Лондон Лутон е еден од четирите главни аеродроми што го опслужуваат Лондон и се наоѓа на околу 45 километри северозападно од центарот на Лондон, во градот Лутон.

Зоран за време на овој лет собрал храброст и соборил на земја патник, кој ги загрижил сите присутни со своето вознемирувачко однесување.
Патникот се заканувал дека има бомба и на видеото кое Настески го објави на својот Јутуб канал се гледа како вика „Смрт за Америка, смрт за Трамп“ и „Алаху акбар“.

Настески откако го соборил, го држел на подот до слетувањето на авионот со помош на патници Британци од околу, кои го испитувале и претресувале заканувачот.
Инаку, Зоран Настески потекнува од Скопје од татко Македонец и мајка Србинка, а веќе 10 години работи во Англија.
На почетокот од оваа година одлучил дека му е доста од Англија и Лондон и сакал да се врати во Скопје, но во меѓувреме вели дека запознал прекрасна жена од Србија по име Сандра, па во име на тоа ќе се сели во Белград и ќе се обиде таму да изгради живот.
Тој се нашол на овој лет затоа што одел на одмор во Шкотска, каде негов пријател требало да го пречека на аеродром.

Во изјава за CRNOBELO.com Зоран открива како завршил овој лет и што се случувало потоа:
„Јас сум на одмор во Шкотска, но ништо од одморот не видов, среде целиот хаос. Но, сепак мило ми е дека сè се заврши добро.
Слета авионот, ние го држевме додека слетуваше, јас и уште еден човек – Британец.
Па, после откако слетавме друг Британец ме праша дали сум уморен за да ме замени малку и тој ме замени и продолжи да го држи.

Откако слета авионот за околу десетина минути дојде полиција, влегоа, го земаа и го однесоа и како што разбрав од весници за 7-8 дена ќе го изнесат пред суд.