Зоран Настески, кој собори патник што се заканувал со бомба на лет до Шкотска, открива за CRNOBELO: „Го држев до самото слетување“
Моментално е во затвор, но мислам дека станува збор за ментално нестабилна личност.
Сметам дека не го направи тоа со некаква конкретна намера, туку едноставно стануваше збор за лице со психички проблеми.

По слетувањето нè задржаа сите тие 8-9 луѓе кои бевме на седиштата каде што се случи настанот и јас, за жал, последен дадов изјава, па нè пуштија после повеќе од два часа.
Другарот надвор што ме чекаше да ме земе буквално заглави со мене на аеродром.

Ми ги земаа сите податоци и најверојатно кога ќе го изнесат на суд и мене ќе ме викнат, но јас, за среќа, нема да бидам тука и најверојатно нема да се појавам.
Ќе видиме секако, не се знае.
Среќа, што на крај што сè испадна добро“.
Погледнете го видеото од настанот:
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело