Никола Станишиќ, победникот на Гранд: „Девојката ми раскина на финалето - ме блокирала, на нејзините им пречеше што сум Ром“

„Раскинавме поради причини како коментарите на нејзините дека јас сум Ром, јас сум музичар, јас ќе ја оставам. Не бев прифатен од нив, имавме многу проблеми. Јас пробував сè да прифатам, да трпам, меѓутоа не одеше и нешто кога е со сила – не оди. Ја разбирам и неа – имаше притисок од две страни“, искрено вели Никола Станишиќ и проговори и за разводот на неговите родители и за тоа како ѝ помогнал на мајка му повеќе да не работи како хигиеничарка.

nikola-stanishikj-pobednikot-vo-dzvezdite-ne-grand-na-roditelite-na-devojka-mi-im-precheshe-shto-sum-rom-raskinavme-na-finaleto-01.jpg

Македонецот Никола Станишиќ победи во „Ѕвездите на Гранд“ 2025, каде ги освои симпатиите и на публиката и на жирито, кои го поддржуваа во текот на целото натпреварување.

Под менторство на Цеца, тој триумфираше во финалето. Инаку, имаше две финални вечери во рок од една седмица, поради технички причини.

nikola-stanishikj-pobednikot-vo-dzvezdite-ne-grand-na-roditelite-na-devojka-mi-im-precheshe-shto-sum-rom-raskinavme-na-finaleto-02.jpg

Токму во овој период Никола откри дека раскинал со својата девојка.

Во гостување во подкастот на Лазаров тој искрено проговори како за разводот на неговите родители и почетоци со музиката, така и за начинот на кој се разделиле со поранешната девојка.

nikola-stanishikj-pobednikot-vo-dzvezdite-ne-grand-na-roditelite-na-devojka-mi-im-precheshe-shto-sum-rom-raskinavme-na-finaleto-09.jpg

На прашањето како влијаел разводот на неговите родители врз него, тој вели:

„Па, беше стресен тој период, имав 15-16 години.

Реално јас веќе и бев навикнат без него (се мисли на неговиот татко), но во тој период кога живеевме во Германија јас и се зближив повеќе со него. Затоа што бев тука и ги гледав работите кога тие одлучија да се разведат, па си помислив – можеби и подобро така.

Само да нема караници, да биде сè океј, секој да си биде на својата страна.

nikola-stanishikj-pobednikot-vo-dzvezdite-ne-grand-na-roditelite-na-devojka-mi-im-precheshe-shto-sum-rom-raskinavme-na-finaleto-05.jpg

Жално за мајка ми, но јас сметам дека е подобро развод, отколку несреќен живот заедно.

Мајка ми до тогаш имаше некаде работено, чистеше, има работено како хигиеничарка и си седев сам во собата и си размислував како јас да почнам да зарабтувам.

Во тој момент некој од другарите ме пријави во „Ѕвездите на Пинк“.

Пробав јас, отидов таму, а таму ме видел еден бенд од Македонија, кои ме викнаа на една свадба да видат каков пејач сум.

Почнав јас, отпеав неколку песни и само ми кажаа ќе се чуеме утре.

Другиот ден ѕвонат: „Ајде, со среќа нека ти е, ти си од денес со нас во бенд“.

Од 17 години Никола секој викенд, петок, сабота, недела пее свадби.

Првпат кога почнав да заработувам доволно за да ја издржувам мајка ми, таа веднаш прекина да работи“.

Никола откри дека најубаво будење му е кога го буди мајка му и објави видео со неа на Инстаграм Стори:

nikola-stanishikj-pobednikot-vo-dzvezdite-ne-grand-na-roditelite-na-devojka-mi-im-precheshe-shto-sum-rom-raskinavme-na-finaleto-11.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Анета Љумаковска со новиот дечко во Германија, Даниел Кајмакоски направи крштевка за ќерката - Што п... Дарко Димитров со две фотки откри дека игра тенис и го обожава овој спорт, Елена...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...
„По 48 години брак, моите родители се венчаа во манастир во Македонија - ден кој нема да го заборави... „Знаеш ли колку сум среќна што ќе се венчаме пред вас за да си споделиме убави с...
Шеф Никола ослабе 30kg: „Почнав заради здравје, останав заради љубов кон животот“ „Од 116kg на 86.2kg - 30 килограми помалку - 30 причини повеќе да се гордеам со ...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg