Даниел Кајмакоски со семејството ја посети собата на Тоше во манастирот Преображение во Крушево: „Толку многу љубов и мир“
- Детали
- вторник, 12 август 2025
„Крушево има душа, има историја, го има Тоше и неговите песни и спомени. Толку многу љубов и мир на едно место“ - напиша Кајмакоски на Инстаграм, по посетата на манастирот Преображение и родниот град на Тоше Проески.

Пејачот Даниел Кајмакоски, кој живее во Белград, секое лето го користи да дојде во Македонија, барем на неколку дена.
И оваа година Даниел дојде во родната земја со сопругата, синот и ќерката.

Тој неодамна беше во Охрид на концертот на Лепа Брена, а сега семејно го посетија и Крушево.
Се прошетаа до Мечкин Камен, низ градот, а го посетија и манастирот Преображение, кој го градеше Тоше Проески со семејството.

Оттаму Кајмакоски објави неколку фотографии, но можеби највпечатлива е онаа каде што се седнати на креветот на Тоше, во неговата соба во манастирот, која сега е претворена во мал музеј и оддишува со емоции и носталгија по пејачот.
„Крушево има душа, има историја, го има Тоше и неговите песни и спомени. Толку многу љубов и мир на едно место“ - напиша Даниел на Инстаграм.
Не е тајна дека Кајмакоски и самиот е голем фан на Тоше, па често ги пее неговите песни.
Погледнете повеќе фотографии:




А. Ј. | Црнобело