Златко Јовановски прослави 30 роденден со впечатлива фризура и палто со кристали - од сестра му доби табла јајца
- Детали
- понеделник, 18 август 2025
„Да не сме ние лавовите, овој свет би бил џунгла. Некој мора да биде храбар, плус да светка и да сјае“, напиша Златко и со високо крената чаша и торта со свеќички, и самиот си го честита роденденот.

Нашиот дизајнер, Златко Јовановски, познат како ЈЗЈ, го прослави својот 30-ти роденден.
За прославата, тој организираше интимна, но луксузна вечера со најблиските, во познат ресторан во Скопје.
На забавата, Златко беше облечен во свој стил - елегантно, а сепак екстравагантно и впечатливо.
Тој носеше црно панталони и бела кошула преку која имаше црн корсет.

Комбинацијата ја дополни со машна пеперутка и бело палто со кристали кои висат.
Изгледот го дополни со интересна фризура, како од времето на чарлстонот во Америка, а на Инстаграм Стори сподели и неколку видеа од подготовките во фризерското студио.

Дизајнерот откри и дека од сестра му која живее во Италија добил табла јајца, со порака на секое од нив.
„Да не сме ние лавовите, овој свет би бил џунгла. Некој мора да биде храбар, плус да светка и да сјае“, напиша Златко.
Погледнете повеќе фотографии од прославата:




