Сандра Кирков воодушевена од плажа во Црна Гора: „Сет лежалки е 25€, еспресо 2,20€, бич-барот е во бохо-стил“
- Детали
- четврток, 21 август 2025
„Модерно е, естетски убаво, има супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаунџ музика, не е прегласна и не пречи. Храната е вкусна, цените се нешто повисоки од просекот, што е нормално за вакви барови, дечките се љубезни, брзи и културни“ - вели Сандра Кирков за плажата во Црна Гора која ја оставила без здив.

Нашата инфлуенсерка Сандра Кирков е на летување во Црна Гора. Откако имаше турбулентна зима, таа реши да го забави темпото на живот и да ужива во секој миг, а тоа го прави токму сега, додека е на Јадранот.
Само што пристигна на црногорското приморје, Санда ја посети плажата Drobni Pijesak, за која вели дека за неа е една од најубавите плажи во Црна Гора, а за тоа придонел и бич-барот уреден во бохо стил.
Оваа плажа се наоѓа пред Свети Стефан, во близина на местото Дробниќи.
Иако е прекрасна, патот до неа е многу тесен, па Сандра препорачува сите што ќе одат да ја посетат, да возат многу внимателно.
Таа на Инстаграм сподели и фотографии од плажата, бич-барот и не го криеше своето воодушевување од она што го гледа:
„Да си ја зачувате и ако сте во можност да ја посетите доколку патот ве носи наваму.
Само напишете на Google Maps: Pura Vida beach и мапата ќе ве донесе точно до тука.

Ако барате место за вистинско уживање, каде што морето е кристално чисто со мали камчиња, оваа плажа е одличен избор.
Меки и удобни лежалки (сет од 25€), кабана доколку сакате поголем комфор, стилски чадори кои совршено се вклопуваат во бохо атмосферата.
Модерно, естетски убаво, има и супер ресторанче, тушеви, во позадина свири лаунџ музика, не е прегласна и не пречи.
Може однапред да се јавите или да им напишете порака за резервација на Инстаграм или WhatsApp.

Храната е вкусна, цените се нешто повисоки од просекот, што е нормално за вакви барови, дечките се љубезни, брзи и културни.
Пиците се околу 11-12€, оброк салати 11-15€, тортиљи/такоси 9-15€, еспресо 2.20€, коктели од 7€+ итн.

Штом стигнете до рампата за паркинг ќе видите дека има два: горниот е 1.5€ на час, долниот (поблиску до плажа) е 3.5€ на час. Имало уште некој, 4€ за цел ден меѓутоа јас не го видов.
Патот надолу е доста тесен, така што бидете внимателни.
Доколку не сакате да плаќате лежалки, си има простор на плажата и за пешкири и чадор. Морето е исто, останатото сами си го бирате!“

Погледнете повеќе фотографии:



