„Избегнувајте ја Македонија по секоја цена - ужасна е“, му било кажано на пар патувачки блогери, но што ги дочека кај нас?
- Детали
- вторник, 02 септември 2025
По посетата на Македонија, патувачките блогери Сара и Рајан заклучија: „Оваа земја е потценет бисер на Балканот што заслужува многу повеќе внимание! Не очекувавме да се заљубиме во Македонија, но сега официјално ни е едно од омилените скриени богатства во Европа“. Тие Охридското Езеро го споредија со Комо.

Сара и Рајан се патувачки блогери кои ја истражуваат Европа и споделуваат трикови како да патувате поевтино.
Тие за себе велат дека откриваат скриени бисери низ Европа, а една од нивните дестинации пред извесен период беше и Македонија.
Велат дека за Македонија им било кажано дека не нуди многу, но кога дошле тука се увериле во спротивното.
„Избегнувајте ја Македонија по секоја цена - ужасна е“, му било кажано на овој патувачки пар, но тие споделуваат дека сосема нешто поинакво ги дочекало во нашата татковина.

Тие велат: „Не очекувавме да се заљубиме во Македонија, но сега официјално ни е едно од омилените скриени богатства во Европа. (Знаеме… сè уште треба да истражиме и надвор од Охрид и околината, но она што го видовме беше неверојатен почеток!)“
Кликнете да видите што ги освоило:
По посетата споделија на Инстаграм:
„Македонија е за тебе ако...
Сакаш да се опуштиш покрај езеро што навистина зрачи со мир.
Сакаш луѓе што се искрени и пријателски.
Доста ти е од постојана брканица и стрес.
Сакаш да одиш некаде каде што не биле сите.
Обожаваш едноставна, но неверојатно вкусна храна.
Оваа земја е потценет бисер на Балканот што заслужува многу повеќе внимание!
Од моментот кога пристигнавме (3 часа со автобус од Тирана), се чувствувавме како да влеговме во тајна верзија на Европа – автентична, достапна, прекрасна и без гужви!
Ако си за автентични патувања, авантури надвор од класичните рути и откривање места пред да станат претрупани – Македонија мора да ти биде на радарот!
Дали Македонија е на твојата листа за патувања?“
Погледнете го нивното хит видео за нашата држава:
Повеќе видеа од посетата на Македонија:
С. С. | Црнобело