Луксузната свадба на Јована од Свети Николе и Петар од Прилеп - регистрација со дрес код, срце од 2 метри, бисери и логоа со имиња (фото)
- Детали
- вторник, 16 септември 2025
„Бев вклучена во секој чекор од декорацијата, па покрај тоа што имаше луѓе што си ја вршат таа задача, јас сепак сама изработив и картички, декор на свеќички за пред секој гостин, мени карта... И тортата беше со бисери и големи цветови, како целата декорација“, вели Јована од Свети Николе за свадбата со саканиот Петар.

Јована од Свети Николе ја имаше својата свадбена бајка со Петар од Прилеп во ресторан во Скопје.
Јована вели дека планирањето на свадбата било цела година, дека и самата направила многу декорации за неа, покрај ангажираните студија за декорации, а си ја реализирала и желбата да има срце од 2 метри, огромна торта, многу цветови, бисери и низа други детали.

Пред свадбата, Јована имаше уникатна моминска забава во вила во Охрид со своите пријателки.
Јована за CRNOBELO.com споделува детали за свадбената церемонија:
„Свадбата ја планиравме една година, почнувајќи од организација, па сè до реализација на истата.

Целата замисла и идеја беше моја и голем дел од работите сама ги изработив.


Јас уживам во планирање и декорација и иако беше поприлично напорно, сепак ги завршив сите работи на време.

За свадбата направив симболично лого со нашите имиња што го имаше буквално на сè и беше препознатливо за свадбата, така го имаше истиот фонт од самите покани, па до крајниот момент кога гостите си ги зедоа фотографиите.


Секогаш внимавам на деталите, па овој пат одвоив време и за да ја дизајнирам папката за фотографии во која беше исто така застапено нашето лого.


Бев вклучена во секој чекор од декорацијата, па покрај тоа што имаше луѓе што си ја вршат таа задача, јас сепак изработив и картички, декор на свеќички за пред секој гостин, мени карта со пијалаци и картички со имињата на гостите, според кои секој си имаше свое место на седење.


За свадбата направивме и бело срце со висина од околу 2 метра, на коешто работевме неколку луѓе 2 месеца и го декорирав со цветови од околу 1.500 салфетки.


