Луксузната свадба на Јована од Свети Николе и Петар од Прилеп - регистрација со дрес код, срце од 2 метри, бисери и логоа со имиња (фото)

На свадбата доминираше бела боја, крем нијанси и огледала.

Така, на пример, на регистрацијата гостите имаа дрес код од неколку нијанси на крем и кафена.


За гостите на регистрацијата имав подготвено кутии внатре со лепеза, минт бонбони, свеќа (затоа што многу сакам свеќи, ги имаше насекаде) и марамчиња за солзи радосници.


За најмалите спремив боенки и боици, што исто така ги дизајнирав за да одговараат со целата тема, и им биде олеснителен момент на мајките и дечињата.


Покрај тоа имав дезен на крем цветови што беа застапени на дел од картончињата, папките за слики и боенките, па така добив инспирација и за моите два фустани.
По што се одлучив да додадеме 3D апликација на цветови.


Застапени беа и бисерите со што симболично сакав да ги поврзам свадбата и моминската забава, па од таму изгледот го надополнив со чевли што имаа слична чипка како фустанот и бисери.


