Сузана Штерјова Тошева: Со конкурсот на Golden Drum и Телеком „Скрши ги предрасудите“, сакаме да инспирираме креативна интерпретација која ќе ни помогне во борбата за рушење на бариерите

 „Во основата на нашиот бренд е нешто што ние го нарекуваме дигитален оптимизам – верувањето дека светот може да биде подобро место за сите нас, поединците, заедницата, целото човештво, само ако правилно ги користиме дигиталните технологии и сме вистински поврзани“ - вели Сузана Штерјова Тошева од Македонски Телеком.

suzana-sterjova-tosheva-so-konkursot-na-golden-drum-i-telekom-skrsi-gi-predrasudite-sakame-da-inspirirame-kreaitvna-interpretacija-koja-ke-ni-pomogne-vo-borbata-so-rusenje-na-barierite-01.jpg

Телеком оваа година заедно со фестивалот Golden Drum го распиша наградниот конкурс за млади креативци, кој го бара најдоброто визуелно решение на тема „Скрши ги предрасудите“. Зошто баш оваа тема?

За компанија како Телеком, која веќе 25 години прва ги носи најнапредните комуникациски технологии во Македонија и која е посветена на создавање инклузивно дигитално општество, ова е всушност сосема природна тема.

Во основата на нашиот бренд е нешто што ние го нарекуваме дигитален оптимизам – верувањето дека светот може да биде подобро место за сите нас, поединците, заедницата, целото човештво, само ако правилно ги користиме дигиталните технологии и сме вистински поврзани.

За да го постигнеме ова мораме да ги отстраниме сите нешта кои придонесуваат кон поделби – независно дали се тоа технички пречки или бариери од поинаква природа, како што се предрасудите.

Затоа ги повикуваме луѓето да станат свесни за овие бариери и за тоа што ги создаваат, за да можеме да ги надминеме и вистински да се поврземе.

Која е улогата на Македонски Телеком во разбивање на предрасудите и рушењето на бариерите?

Кога поминувате многу време размислувајќи за поврзувањето, лесно ќе воочите дека денес, и покрај совршените технолошки алатки за комуникација кои ни се достапни, ние како луѓе сме поделени повеќе од кога било.

Секако, би било наивно да очекуваме дека технологијата сама по себе е доволна за вистинско поврзување. Таа е само алатка. Од нас зависи дали ќе ја искористиме за уште поблиску да се поврземе, или да ги зајакнеме бариерите што и така нѐ оддалечуваат. А токму предрасудите се едни од најчестите бариери, со кои градиме ѕидови меѓу нас.

Решението лежи во секој од нас. Треба да ги срушиме бариерите кои градат ѕидови меѓу нас, коишто многу често се базирани на предрасуди. Токму затоа, со овој конкурс, сакаме да поттикнеме и инспирираме креативна интерпретација која ќе ни помогне во борбата за рушење на бариерите.

Како одлучивте да се поврзете токму со Golden Drum?

Golden Drum е еден од најреномираните фестивали за креативност во регионот, место каде се собираат многу различни креативни луѓе.. Преку оваа активност, сакаме на младите македонски креативци да им овозможиме уникатна можност да присуствуваат на таа сцена на најдобрите идеи од регионот.

Наградниот конкурс е наменет исклучиво за млади луѓе под 30 години. Дали сметате дека младите можат да ја предводат промената која му е потребна на нашето општество?

Апсолутно. Но, не затоа што се попаметни или подобри, туку затоа што ја имаат клучната предност – сè уште се слободни од поригорозни норми и воспоставени начини на размислување. Постарите генерации честопати се заробеници на искуството. Младите се слободни да поставуваат „глупави“ прашања на кои „сите им го знаеме одговорот”, а кои всушност носат свежа енергија која дава сосема нови перспективи за решавање на длабоко вкоренети проблеми. Преку овој конкурс, им порачуваме: „Еве ви еден проблем што го решаваме на ист начин со децении и не успеваме. Ве молиме, покажете ни колку сме биле ограничени во размислувањето.“

Како дел од жирито за конкурсот “Сруши ги предрасудите”, што имаш да им порачаш на младите?

Бидете автентични и храбри и искористете го овој конкурс за да ја покажете вашата уникатна визија за поотворено општество. Изненадете нè. Со нетрпение очекуваме да ги видиме вашите дела.

Поттикнати од кампањата на Македонски Телеком #НаправиМесто, која повикува на отвореност и меѓусебно разбирање, а која оваа година е фокусирана на надминувањето на предрасудите, редакцијата на CRNOBELO.com ќе направи повеќе место за вести и приказни кои ги надминуваат предрасудите и ги рушат бариерите. 

Би можело да ве интересира:

Македонски психолог за маките на клиентите кои се отселиле од Македонија: „Им недостигаат луѓе, глас... „Овој пост е инспириран од моите клиенти кои повеќе не живеат во Македонија. Сел...
Илина Арсова со мајка ѝ на Острог, Кили објави фотка од себе по долго време - Што правеа македонскит... Стефан од Некст тајм е во Виена, па со сопругата го посетија божиќниот базар во ...
Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025? „Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто др...
Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануа...
„Мештани, дома си гнасите“ - Бетика згрозена од ѓубрето во прекрасното село Буково, на 5km од Битола „Бев во село Буково, а ситуацијата со реката катастрофа. Поздрав до сите мештани...
Мајката на Ивона која загина во Кочани објави снимки од неа од настапот на ДНК: „Ги гледам последнит... „Последните видеа… последните мигови кога моето дете и другите ангелчиња уште ја...

Најчитани неделава