Тоа што ќе правите денес, ќе ве следи цела година - Народни обичаи и верувања за Св. Игнат кај нас

Сигурно сте слушнале за народното верување дека тоа што ќе го правите на 2 јануари, ќе го правите во текот на целата година, но и дека од тој што ќе ви влезе прв во домот зависи каква среќа ќе имате . Кои се вашите планови за денешниот ден?

toa-shto-kje-pravite-denes-kje-ve-sledi-cela-godina-narodni-obichai-i-veruvanja-za-sv-ignat-kaj-nas-01.jpg

Св. Игнат се празнува низ цела Македонија, а скоро секој регион има свои верувања, обичаи и суеверија поврзани со денот.

Но, заедничко за сите е верувањето дека како ќе ви тргне денешниот ден, таква ќе ви биде и годината.

Меѓу народот постои верување дека ако домашниот праг прв го помине некој млад, насмеан, среќен таква ќе биде и годината што почнува, а ако ви влезе старец, тогаш деновите ќе ви бидат потешки.

Многумина денес одат на патување за да патуваат цела година, други, пак, не трошат пари за да немаат непотребни трошоци во текот на следните 12 месеци.

Св. Игнат секогаш е пет дена пред Божиќ и со него започнуваат свеченостите поврзани со овој празник.

toa-shto-kje-pravite-denes-kje-ve-sledi-cela-godina-narodni-obichai-i-veruvanja-za-sv-ignat-kaj-nas-03_copy.jpg

Кои се обичаите, верувањата и суеверијата кај нас?

Во велешко на 2 јануари се варат пченица и царевка (пченка) заедно за да се зголеми бериќетот.

Во Гевгелија и околината на овој ден не работеле жените што имале деца.

Во штипско празникот го викале Игнат-подигнат, па на тој ден мајките ги тегнеле своите деца за ушите или за главата, за да растат повеќе.

Во Радовиш, Св. Игнат се сметал за тежок празник, па денот го минувале во тишина, не се пеело, не се викало, дури и децата не се тепале за да не плачат гласно.

toa-shto-kje-pravite-denes-kje-ve-sledi-cela-godina-narodni-obichai-i-veruvanja-za-sv-ignat-kaj-nas-02_copy.jpg

Во Охрид на пример, се правеле посни питулици од тенка каша, печени во специјални садови и после се попарувале со врела вода со толчени ореви. Со дел од водата се правеле крстови на оџаците, горните прагови на куќните врати, амбарите, бочвите за бериќет и плодна година.

Во тетовско на овој ден луѓето не практикувале ништо да позајмуваат. Се случувало постарите да ги заклучуваат вратите од своите домови за да не им влезат лоши луѓе и лошо да им тргне годината.

Во скопско се кршеле гранчиња од зеленика, смрека и даб и со нив се потпалувал оган, како благослов за семејството, земјата и стоката.

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледа денес внукот на Тоше Проески? На светот не постоеше личност што Тоше Проески повеќе ја сака од неговиот внук К...
Денес почнува божиќниот пост – кои денови се јаде риба, кога се пости на вода и од што да се откажет... Божиќниот пост ќе трае 40 дена, односно од 28 ноември до 6 јануари, во овој пери...
Каде е и што прави денес Јелкица, која го отпеа хитот „Јас можев да ти кажам НЕ”? Се сеќавате ли на убавата русокоса која со само една песна направи бум во Македо...
Годишен хороскоп за 2026: Лав 2026 година за Лавовите носи динамика, важни пресврти и силни лекции на љубовен,...
„Се боревме заедно 213 денови и денес ни одлета“ – Тимот на Систина се збогува од Панчо, како и него... „Вие бевте тие кои ми дадовте 7 месеци можност да се гушкам и зборувам сè што не...
Позитива на денот: Снеже Велков, во совршен аутфит, со ТикТок танц со Цаки од „Кисми“ на негова песн... „Легендарниот, единствен, неповторлив, Цаки Кисми! Благодарам за овој танц! Жума...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg