CRNOBELO анкета: Што би направиле скопјани кога би биле избрани за градоначалници на главниот град?

„Би ги срушил сите дивоградби кои го блокираат градот, би вратил дел од зеленилото кое е уништено и би ги тргнал сите коли од тротоарите, макар тие биле и на највисоки функционери или странски претставници“ - вели во нашата анкета скопјанецот Али.

crnobelo-anketa-shto-bi-napravile-skopjani-koga-bi-bile-izbrani-za-gradonachalnici-na-glavniot-grad-01.jpg

Никој не го сака Скопје повеќе од скопјани, оние кои се родени тука, оние кои се втора, трета генерација жители во градот.

Тоа се и луѓето кои го знаат Скопје поинакво од она што е денес - со помалку сообраќај, со повеќе куќи отколку згради, со многу зеленило.

CRNOBELO.com направи анкета, па преку Фејсбук ги прашавме „Што би направиле или смениле во главниот град, кога би биле градоначалник на Скопје?

Во продолжение, дел од нивните одговори:

Али Касум

Би ги срушил сите дивоградби кои го блокираат градот.

Би вратил дел од зеленилото кое е уништено.

Би ги тргнал сите коли од тротоари, макар тие биле и на највисоки функционери или странски претставници“.

crnobelo-anketa-shto-bi-napravile-skopjani-koga-bi-bile-izbrani-za-gradonachalnici-na-glavniot-grad-02.jpg

Маја Миленковска

Систематизација на работни места во општините, отказ на сите вработени, вработување според образование (предност на веќе постоечкиот кадар) - сите кои не ги исполнуваат работните позиции чао-адиос. После е сè полесно!“

crnobelo-anketa-shto-bi-napravile-skopjani-koga-bi-bile-izbrani-za-gradonachalnici-na-glavniot-grad-03.jpg

Ена Китановска

„Би го предложила следново, доколку би имала можност - би направила систем на наградување на докторите по ветерина според учинок-кастрација или операција на улично животно, каде истите би биле стимулирани од буџетот и би добиле надомест за учинокот, материјалите искористени за операцијата, јавно заблагодарување и помагање на ветеринарната амбуланта како награда за општокорисната работа и нивната хуманост.

Луѓето би се охрабриле повеќе да ги помагаат уличните животни затоа што би знаеле дека нивното санирање би било бесплатно, а самите доктори помогнати од државата за нивното дело.

Мислам дека ова е одржлив и рационален начин на распределба на веќе постоечките средства во општ бенефит без никаква загуба по никој, а промената би била огромна!

На истиот начин би ги стимулирала и државните кујни по основните школи низ градот, па и земјата, дневно да приготвуваат пример плус десет оброка, кои би биле распределени на лицата од социјално загрозените категории, каде готвачите би земале поголема плата за прекувремен труд, награда за својата хуманост итн.

Мислам дека со добра организација може да се направи многу голема разлика во нашето опкружување и да се остави здрав пример како се сакаат луѓето, животните и општеството, дека никој не е сам и дека има некој кој е тука да подаде рака“.

crnobelo-anketa-shto-bi-napravile-skopjani-koga-bi-bile-izbrani-za-gradonachalnici-na-glavniot-grad-07.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Македонка со трогателна објава за свекрвата што ја изгуби: „Спокој ми дава што син ми ја имаше во жи... „И кога ќе ви кажат „со време поминува сè, воопшто да не верувате. Баш затоа што...
Маја Панчева (52) како да не старее - Прекрасна без шминка, на летување со ќерките во Грција Марија и Надица многу личат на својата мајка, а Маја, пак, делува како за неа, г...
Маја Панчева, Љупка Митрова – Познати македонски дами кои летово позираа без грам шминка (фото) Катарина често знае да прошета без грам шминка, Тијана Дапчевиќ на одмор се пока...
Маја Панчева (53) згодна во бикини, откако откри дека качила 10kg во менопаузата Маја на Инстаграм Стори објави две фотки во црни бикини, додека излегува од море...

Најчитани неделава