Мајка од Скопје за синот со аутизам: „Се славел роденден на дете од одделението на Леон - за жал, тој не беше поканет“

„Во групата немаше покана, ниту еден збор од родителот да ми се обрати, свесно го прославија роденденот со сите останати деца, со исклучок на Леон. Можеби тоа дете не го сакало Леон на својот роденден. Прифаќам. Но, каде е родителот што ќе му објасни дека различноста не е страшна...“, гласи емотивната исповед на Амела Мемиш Апостоловска од Скопје.

majka-od-skopje-za-sinot-so-autizam-vchera-se-slavel-rodenden-na-dete-od-oddelenieto-na-leon-za-zhal-toj-ne-beshe-pokanet-01_2.jpg

Амела Мемиш Апостоловска е мајка на две деца со попреченост во развојот, Андреа и Леон.

Таа на својот Фејсбук профил сподели ситуација што ја погодила во срце, кога нејзиниот син Леон не бил повикан на детски роденден кај соученик.

Нејзината емотивна исповед: 

„Што е најтешко во ова општество …

Не сакав јавно да се огласувам, не затоа што се жалам, туку затоа што болката на мајка која ќе се пронајде во оваа приказна зборува сама по себе.

Вчера се славел роденден на дете од одделението на Леон. За жал, тој не беше поканет.

Во групата немаше покана, ниту еден збор од родителот да ми се обрати, изговори не ми се потребни дека досега не го разбрале процесот на Леон, свесно го прославија со сите останати деца со исклучок на Леон.

Можеби тоа дете не го сакало Леон на својот роденден. Прифаќам.

Но, каде е родителот што ќе му објасни дека различноста не е страшна, дека прифаќањето не боли, дека емпатијата се учи од дома?

Засрамете се!

Зар Леон не би сакал да дојде? Зарем ние, неговите родители, не би го донеле?

Го отфрливте тивко, без зборови и му покажавте дека не припаѓа. Само затоа што е различен.

majka-od-skopje-za-sinot-so-autizam-vchera-se-slavel-rodenden-na-dete-od-oddelenieto-na-leon-za-zhal-toj-ne-beshe-pokanet-02_2.jpg

На големиот одмор, сам се шета низ ходниците. Не се вклопува во безобразните зборови, во вресоците и скокањето по маси и столици што ги носат од дома.

Се штити од одбивањето, од насмевките што боли да се видат, од тишината што е повозвишена од сето тоа.

А потоа родителите зборуваат дека „играат клучна улога“.

Да, играат но тоа е нова ера на невоспитаност и распад на инклузијата.

majka-od-skopje-za-sinot-so-autizam-vchera-se-slavel-rodenden-na-dete-od-oddelenieto-na-leon-za-zhal-toj-ne-beshe-pokanet-03_2.jpg

Фотографии споделени во групата сите се таму, само Леон не е.

Кога го прашав дали беше поканет, одговорот го добив со „НЕ мамо, никој не ме викна, а зашто?“ Ух, стрела низ душа ми помина, му се насмеав само и останав без зборови.

И тоа зборува повеќе од илјада зборови.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Девојче (6) од Скопје прослави роденден со 6-метарска реплика на куќата на Снежана и 7-те џуџиња (фо... „Одлуката за идејата и темата за роденденот, како и тортата е на Зои. Испадна во...
Маја Кикириткова заглави на аеродром во Истанбул, Ева Нединковска се бакнува со дечкото: Што прават ... Кики Мукаетова прошета низ Рим со кул палто со натпис на грбот, Ирина Камилоска ...
Скопје убаво си ни и покрај сè: Есенската идила во Градскиот парк (фото+видео) И додека тонеме во ѓубре и воздухот мириса на пластика и срцето нè боли за тоа ш...
Лозано објави фотка со синот на мотоцикл - сега и неговата сакана Сава го покажа кул аутфитот на син... Влатко Лозаноски сè почесто почна да споделува детали од приватноста со фановите...
Сара Ѓуроски за одморот во Грција со мало дете: „Немаше мирни утра со кафе, ниту читање на плажа - п... „Мојот распоред сега го води едно мало, радосно торнадо по име Јан, а секој одмо...
Виктор Петров Викса: „Јас сум имал детство поврзано со болници, со здравје, со некои помагала“ „Имав убаво детство, а на почеток сум било детето кое било малку недобро со здра...

Најчитани неделава