Миа Костова на одмор на Кипар: „Не знаев дека се вози од лева страна, првиот ден од страв мижев“
- Детали
- петок, 31 октомври 2025
„Слетавме на Кипар, ни ја носат колата што ја изнајмивме преку rent-a-car и Тијана вика 'Воланот е од десно', овде возат од лево. Не знаете кој стрес е - во сите кружни текови се влегува од лева страна не од десна“, вели Миа за патувањето на Кипар.

Миа Костова е на одмор на Кипар, каде што во моментов температурата се движи околу 25-26 степени и како што вели таа, времето е совршено, а островот е полн со туристи.

До Кипар, заедно со синот Андрија и Тијана Скулиќ стигна со директен лет од Скопје, откако пред неколку дена првпат беше отворена линија до оваа дестинација.

Тие се сместени во Аја Напа, еден од најмонденските градови на Кипар, од каде што секојдневно споделуваат фотки и видеа - од плажа, ресторани, прошетки...

Миа вели дека ѝ се допаѓа Кипар, но и дека првото седнување во автомобил, за да стигнат до хотелот во кој биле сместени, ѝ бил вистински стрес, зашто, таа не знаела дека тука се вози на левата страна.

За нивното патешествие од Кипар, таа раскажа брзо по пристигнувањето таму, преку видео на Инстаграм Стори:

„Мора да ви го раскажам патешествито од вчера и како јас после многу години отспав 11 саати и уште сум збунета. За Кипар требаше да полетаме во 7 наутро и бевме на аеродром во 5.
Отидовме да чекираме багаж и ни кажаа дека летот е одложен за 12, па ако сакаме да седиме тука, или ако сакаме да одиме дома и да се вратиме. Океј, нема нервози, си одиме дома во 5 саат сабајле.

Кој лежи, кој се доспива, тргнуваме за накај аеродром... Ама решаваме, пошто сме веќе чекирани, дека не мора да сме толку рано на аеродром, зашто куферите ни беа земени уште во 5, па можеме да сме таму барем во 11.
Таква гужва беше во Скопје кога излеговме од дома во 10:30, таксистот ни вика, држете се - полетуваме.
Јас го трошам цел адреналин што треба да го потрошам во авион во таксито со коешто стигнавме до аеродром.
Слетавме на Кипар, ни ја носат колата што ја изнајмивме и Тијана вика - воланот е од десно, сите возат од лево.
Не знаете кој стрес е - во сите кружни текови се влегува од лева страна не од десна.
Не знам како стигнавме до хотел. Бевме како во некоја игрица зашто возевме 20 на саат, сите ни свиреа, јас не гледав, мижев буквално, Тијана не знам како извозе“.

