Вљубено го бакнува, тој дува свеќичка – Мартија со дечкото во Љубљана за неговиот роденден (фото)
- Детали
- среда, 05 ноември 2025
Нашата Мартија (21) ретко зборува за љубовниот живот, но по повод роденденот на саканиот Матеј, објави фотки од патувањето во Љубљана – шетаат по дожд, го бакнува, а потоа тој дувна свеќички на колач.

Мартија Станојковиќ е во врска со Матеј Козаков околу 2-3 години, но не сака многу да зборува за љубовниот живот во јавност.
Таа приватно ја ужива љубовта, но повремено објавува фотки од нивните патувања.

Овој пат, парот изгледа како да е во Љубљана, а токму таму Матеј го дочекал својот роденден.
Пејачката на Инстаграм Стори објави неколку фотки со кои му го честита роденденот.
„Среќен роденден љубов“ – напиша таа на фотка на која позираат со чадор низ дождливиот град, а потоа објави една на која го бакнува вљубено и уште една на која тој дува свеќичка на колач во ресторан.



Инаку, Мартија откри дека е вљубена во летото 2023, но на почетокот го криеше неговиот лик.
Првата заедничка фотографија како пар ја објавија неколку месеци подоцна, на свадба во Скопје.

M. M. | Црнобело