Majка од Скопје со моќен апел: „Не мора да имате куќа украсена како од Пинтерест, ниту исти пижами со децата“
- Детали
- вторник, 16 декември 2025
„Не мора да имаш украсена куќа како од Пинтерест. Со мали деца тоа не издржува ни 10 минути. На малите дечиња не им треба уште една нова пластична играчка секој ден, туку твоето присуство“, вели Ангела Костовска од Скопје и им се спротивставува на Инстаграм трендовите.

Ангела Костовска од Скопје, која по професија е економист, но и горда мајка на две мали деца, преку својот Инстаграм често споделува свои искуства, но и разменува совети со другите мајки од Македонија.
Сега, таа проговори за притисокот за совршенство и креирање на спомени за време на празниците кои го имаат мајките, особено следејќи ги Инстаграм трендовите.

Нејзината објава гласи:
„Понекогаш социјалните мрежи можат да нè натераат да се чувствуваме како да не правиме доволно или дека не купуваме доволно, па ова е потсетник дека не мораш да го правиш тоа што го прават сите други.
Знај го својот капацитет, посебно овој месец (декември)!
Ова се некои работи што јас не ги правам со две мали дечиња дома. Како што почна декември јас одбирам мир, време за игра со дечињата, неколку настани со нив...
Но, ова го правам и затоа што се чувствувам толку растргнато месецов што не можев ни да замислам да ги правам и сите овие работи истовремено и да си додавам притисок.
А, не требаш ни ТИ мама! Ти не си помалку добра мајка ако забавиш со темпото.

Работи кои НЕ мора да ги правите овој декември ако имате мали дечиња
Не мора да имаш украсена куќа како од Пинтерест. Со мали деца тоа не издржува ни 10 минути.
И да не ти требаат тон нови декорации секоја година.
Твојот дом е доволно убав ако е безбеден и топол и ако заедно со децата наредите и ако се вклучени.

Не мора да се сликаат со Дедо Мраз
Моите деца тотално не го обожаваат и дури и се плашат од преправени ликови. Па, не форсираме вакви фотографии.
Не мора твоето дете да учествува во сите празнични активности и работилници овој месец
Доволно е дома да помине неколку минути во денот со одбрани активности во мир и смеа.
