Majка од Скопје со моќен апел: „Не мора да имате куќа украсена како од Пинтерест, ниту исти пижами со децата“
Не мора секој ден да готвиш нешто „посебно“ и секој ден да правите празнични специјалитети
Понекогаш и едноставна ужинка со сезонско овошје заеднички подготвена е доволно.

Адвент календар со подароци за секој ден
На малите дечиња не им треба уште една нова пластична играчка, не им значи подароче секој ден. Но, сигурно им значи секој ден да си до нив 5-10 минути за брза забавна активност.
Не мора да бидат облечени во новогодишни пижамки секоја вечер, па плус и да се во тон со мама и тато. Тотално невозможна мисија и притисок без потреба да се сите во исти пижами.

Не мора да создаваш „совршени спомени“, тие се случуваат и во празничните трчаници и хаосот
Твојот декември не мора да изгледа како на некој друг што го гледаш тука на Инстаграм за да биде магичен за твоето семејство.
С. С. | Црнобело