Тони Зен доби ќерка, Ивона Јо го загуби таткото - По што ќе ја памтат познатите Македонци 2025?

„Мислам дека ќе биде тешко за било кој од нас годинава да ја запамти по нешто друго, освен по трагедијата која ни се случи во март. Имаше и убави моменти, но остануваат во сенка на Кочани и луѓето кои засекогаш ги изгубивме“, вели Каролина Гочева за CRNOBELO.com. Таа е една од неколкуте јавни личности кои велат дека страотниот пожар им ја одбележа годината.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-01.jpg

Оваа 2025-та година полека изминува и за многумина беше една од најтешките во нивниот живот.

Други, пак ќе ја паметат по убави моменти кои ги одбележаа изминатите 12 месеци.

На прагот на новата 2026-та, прашавме неколку познати Македонци по што ќе ја паметат годината што полека си оди, без оглед дали станува збор за некоја убава или неубава работа.

Прочитајте кои работи им ја одбележаа годината на Каролина Гочева, Лила Филиповска, Александар Митевски, Игор Стефановски Иџе, Елена Ристеска, Марко Новески, Тони Зен, Ване Марковски, Мики Секуловски и Ивона Јо:

Елена Ристеска

Оваа година ќе ја паметам по најлошото нешто во мојот живот, меѓутоа и за Македонија гледано генерално. Тоа е трагедијата во Кочани.

Загубата на сите млади животи, на дечињата златни кои ги знам од моите концерти во Кочани, на моите колеги музичари, на моите блиски луѓе, мојата Сара, Андреј...

Јас не би можела по ништо друго да ја паметам оваа година. И да имало убави и среќни моменти, биле засенети поради оваа огромна трагедија и веќе не ги ни паметам убавите нешта.

Секако, кулминација на лошата година е загубата на Панчо, којшто го сакав како брат.

Многу тешко ми оди прифаќањето дека го нема или дека не се избори во оваа одвратна животна битка.

Сите животи што згаснаа во оваа најголема трагедија во Македонија, засекогаш ќе ја запечатат 2025-та година како најлоша година за сите нас.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-03.jpg

Ивона Јо

Убавината во оваа година ја осознав со запознавање на еден композитор, „људина“ и одличен музичар, со кој заедно почнавме да работиме на мојот албум, Темелко Андреев на кој во овој момент јавно му благодарам.

„Молитва“ беше првиот сработен проект заедно, кој остави голема трага оваа година на мене.

Еден од најпредизвикувачките моменти е губењето на мојот татко. На мојата сила и неизмерна тивка поддршка.

Горе на небото и денес ракоплеска. Некои денови е многу тешко да го слушнам. Некои денови е гласно.

Но живее и ќе живее во мене засекогаш. Така си ветивме.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-06.jpg

Ване Маркоски

2025-та година за мене беше необично важна и поучна. Имаше моменти кога се соочив со сопствените слабости и се вратив на некои стари навики за кои верував дека одамна сум ги надминал.

Но, токму тие моменти ме научија повеќе за себе.

Најубавото од оваа година ми беа патувањата.

Се впуштив во авантури, посетив нови и прекрасни места, и запознав луѓе кои ми го проширија видикот и ми го збогатија секојдневието.

Секое патување остави свој уникатен печат и ќе го паметам како драгоцено поглавје од 2025-та.

Тие искуства ме потсетија дека среќата не доаѓа однадвор, туку ја носам во себе, и зависи само од мене како ќе ја чувам и негувам.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-07.jpg

Александар Митевски

За мене на приватен план оваа 2025-та, би рекол дека беше убава и една од оние што ќе ги помнам.

Љубовта, музиката и семејството ми даваа елан, волја и ветар во грб за да се ми остварат сите зацртани планови и успеси на професионален план.

Би рекол дека највеќе годинава се радував на успесите и ликовните изложби на мојата сопруга уметница Ана Митевска, како и успесите во професијата и студирањето на моите две ќерки Ања и Мања.

Нашата куќна слава Св. Архангел Михаил и собирањето на семејството и пријателите ми е еден од оние настани кои ми се драги во оваа година.

Посакувам 2026-та да носи и да слушаме само за убави вести, здравјето како најбитен фактор да ги следи сите, а онаа мирудија на која инсистирам секојдневно и во сите мои песни, љубовта, да биде дел од нашите животи и да царува.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-02_copy.jpg

Лила Филиповска

Доброто во 2025-та е моето здравје, кое после сè е одлично. На позитивната листа е и тоа што 15 години имам најгледан проект „Сè или нешто“, а оваа година славам и 30 години телевизиска кариера.

Од убавите моменти би ги одвоила и патувањата. На најубавото место го прославив роденденот - во авион, а ја видов и статуата на Исус Спасителот во Бразил, што ми беше голема желба.

Од неубавите работи кои би ги одвоила, ќе спомнам дека загубив двајца блиски другари Панчо и Андреј, но и генерално сите што ги знаев од ДНК, како и сето она што се случи во Кочани.

toni-zen-dobi-kjerka-ivona-jo-go-zagubi-tatkoto-po-shto-kje-ja-pamtat-poznatite-makedonci-2025-08.jpg

Уште 5 на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Елвин, иден онколог од Штип, ја изгуби мајка си од рак: „Нејзината најголема грижа додека беше болна... „Мајка ми ја водеше најтешката битка во животот — битката со канцерот. Но, не са...
„Лавина мина над мене, бегав од мечка“ - Ирина Камилоска за најопасните моменти од планинарењето Ирина Камилоска, која често знае да каже дека ѝ недостига искачувањето планински...
Трогателна исповед на маж (39) од Велес, кој бил жртва на педофил, но и жртва на семејно насилство о... „Ти се свиѓаше силувањето а? Уште сакаш а?“ рекоа троловите зад скриените профил...
Берберот Ерко за борбата на ќеркичката со леукемија: „Беше страшно да се гледа низ што минува во бол... Познатиот бербер од Скопје Ерко раскажува за најтешката битка, а зборовите нема ...
Дарио Ивановски: „На 18 години победив на трка во Кичево и освоив бик - го продадов за да си купам а... „Ме седнува менаџерот и вели: 'Во Кичево имаат традиција старите селани, се...
Виктор Апостоловски присуствувал на породувањето на сопругата: „Не знам дали маж може да издржи нешт... „Иако сите од еден до последен ми велеа ‘Немој да присуствуваш, немој, некои раб...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg