Сузана Гавазова доби роденденско изненадување од сопругот во САД - имаат две прекрасни ќерки, тој секаде ја придружува
Инаку, Сузана е мајка на Емили (11) и Селена (10).
Гавазова во јуни 2025-та објави роденденско видео по повод 10-иот роденден на Селена и напиша:
„Денес славиме децениски роденден – цели 10 години откако го разубави светот со твоето доаѓање!
Ти си извор на радост, насмевки и неисцрпна љубов. Со секој ден што минува, растеш во убава, паметна и добродушна девојка која го осветлува нашето секојдневие.
Нека твојот јубилеен роденден ти донесе море од среќа, безброј прегратки и сите желби да ти се исполнат!
Продолжи да сонуваш големи соништа и да блескаш како ѕвезда – затоа што токму тоа и си.
Те сакаме безмерно и секогаш ќе бидеме тука за тебе!
Среќен 10-ти роденден!“
Емили, пак, го прослави 11-иот роденден во април, a за неа Сузана напиша:
„Замисли нешто најубаво, најслатко, додади на тоа бесконечност, прошири го со вечност и украси го со ѕвезди. Само тогаш ќе знаеш што ти посакувам. Ќеркичке наша, да си ни жива и здрава! Те сакаме наша Емили“.
Фотки од минатата година, од 10-тиот роденден:
Сузана со двете ќерки (кликнете на видеото):
Повеќе фотографии од Сузана и семејството:






