Сузана Гавазова згодна на плажа - заљубено го гледа сопругот, ужива на Малдиви
- Детали
- четврток, 15 јануари 2026
Фолк-пејачката Сузана Гавазова побегна од студот кај нас, а како дестинација со сопругот и децата ги одбраа Малдиви.

Семејството на Сузана Гавазова веќе неколку дена е во прекрасен ресорт на Маалдиви и уживаат во секој момент поминат таму.

Пејачката со своите фанови сподели и неколку фотки на социјалните мрежи - од ќерките, на појадок во базен, на плажа додека заљубено се гледаат со сопругот Јасмин.

Таа објави и фотографија преку која најави дека на Малдиви снима нов спот.
„Се спрема нешто“, напиша таа на една од фотките на Инстаграм Стори.

Гавазова за снимањето носи црвена креација на бела песочна плажа, а под фустанот со длабок шлиц и топ, се наѕира нејзиното извајано тело.
Видеото го снимаат на зајдисонце, а боите на небото се прелеваат и се неверојатно убави.

Погледнете ги фотографиите:




А. Ј. | Црнобело