Бакнежи пред полноќ, кадри од домот - Како познатите Македонци ја честитаа Нова година?
- Детали
- петок, 02 јануари 2026
„Збогум на една година која многу повеќе ни зеде отколку што ни даде… Но, 31 декември е секогаш ден за нови надежи, ден за убави мисли и нови почетоци“, напиша Каролина Гочева во својата празнична честитка.

Новата година секогаш е време за нови желби, за свеж почеток, за да се остават неубавите работи во минатото, да се појави нова надеж дека тоа што допрва следи е поубаво, повесело, посреќно од она што поминало.
Во деновите кога сите си посакуваме нешто ново и убаво и за себе и за саканите, тоа (последниве години) го правиме и со фотографии на социјалните мрежи наместо со класични честитки испратени по пошта.
А свои новогодишни пораки испратија и познатите Македонци.
Некои објавија фотографии од изминатите 12 месеци како рекапитулација на тоа што поминало, други избраа да ја честитаат Новата година со кадри од домот, со семејна фотосесија...
Трети пак, објавија фотографии од дочекот на 2026-та и на тој начин на своите следбеници им посакаа убави и безгрижни нови 365 дена.
Како ја честитаа Нова година познатите Македонци?
Калиопи
Каролина Гочева
Елена Најдоски

