Бадник во домот на познатите Македонци - паричката кај Слаткар, Маја Кикириткова меси лепче со ќерката
- Детали
- вторник, 06 јануари 2026
„Среќен Бадник, мир во срцето, топлина дома и светлина во новиот почеток“, напиша Весна Бејби и сподели фотографија од бадниковата трпеза. Кому му се падна паричката и како го прославија Бадник дел од познатите Македонци?

Вечерата за Бадник е најубавата традиција кај православните христијани на почетокот на секоја година.
Се подготвува посна трпеза, се меси бадниковото лепче или пита, со нетрпение се чека моментот тие да се разделат за да се види кому ќе му се падне паричката.
Домаќинките, но и многу домаќини, од целата земја се пофалија со месеното лепче и пита, но и со празничната трпеза.
Исклучок од ова не се ни познатите македонски личности. Тие освен што се спремија за Бадник, вчера беа на коледарските огнови, а некои денес ги носеа децата и на коледање.
Шеф Никола и сопругата в година ќе бидат кумови во маалото на огнот, зашто токму ним им паднала паричката.

Слаткар откри дека паричката годинава се паднала кај него, а паричката ја добија и актерката Емра Куртишова и писателката Ксенија Николова.
Мартин од „Некст тајм“ покажа дека ќеркичката Леана годинава е коледарче па сподели видео на Инстаграм Стори, додека Тамара Тодевска објави фотка од синот и ќерката кои се пред Соборниот храм во Скопје со бадниковото гранче, а потоа откри и дека имале две парички во лепчето - едната се паднала на Господ, другата на синот Дарен.
Погледнете како познатите Македонци го поминаа Бадник, кој беше на коледање, нивните празнични трпези, но и кому му се падна паричката, па цела година ќе му биде среќна и бериќетна:
Марко Маринковиќ Слаткар


Мартин Филиповски


Весна Петрушевска

Давор Панчевски (Dave’s Kitchen)



Миа Костова

