Мартин од „Некст тајм“ со емотивно видео за првиот роденден на ќерката: „Една година бескрајна среќа“
- Детали
- петок, 24 октомври 2025
Мартин сподели семејни снимки кои досега не беа јавно објавени - од моментот кога ќеркичката е штотуку родена и во болница, додека тој и сопругата си играат со неа, како ѝ свири и пее, но и видеа на кои бабите уживаат со внуката.

Мартин Филиповски од братското дуо „Некс тајм“ и неговата сопруга Андреа, го прославија првиот роденден на ќеркичката Лиана.

Тие објавија неколку фотографии со роденденската торта, но Мартин за ќерката направи и емотивно роденденско видео.

А таму, спои снимки кои досега не беа јавно објавени - од моментот кога бебето е во болница, додека тој и сопругата си играат со неа, од одмори, како Лиана пробува нова храна, но и видеа на кои тој ѝ свири и пее и додека бабите уживаат со внуката.

„Една година бескрајна среќа“ - стои во пораката на Инстаграм, на која тој доби многу роденденски честитки и убави желби за ќеркичката.


Кликнете за да го погледнете емотивното семејно видео:
А. Ј. | Црнобело