Стефан и Мартин од „Некст тајм“ уживаат во Виена - тон љубов од таткото и чичкото за малата Лиана
- Детали
- понеделник, 15 декември 2025
Лиана е центарот на светот на Мартин, но и Стефан не крие дека ја обожава својата внука, па двајцата браќа објавија фотки со неа - седнати во кафуле во Виена, Мартин кој ја вози во количка низ улиците на градот, а следбениците напишаа дека е „цела на Филиповци“.

По подолго време, близнаците од „Некст тајм“, Стефан и Мартин Филиповски, беа заедно во Виена, каде што живее и работи сопругата на Стефан, Тинеа.
Овој пат тие беа фамилијарно, односно, со Мартин беше и неговата сопруга Андреа и ќеркичката Лиана, која неодамна наполни 1 годинка.

Лиана е центарот на светот на Мартин, но и Стефан не крие дека ја обожава својата внука, па двајцата браќа на Инстаграм објавија фотографии со неа - седнати во кафуле во Виена, Мартин кој ја вози во количка низ улиците на градот, но и неколку од малото девојче за кое пријателите на Мартин напишаа дека е „целата на Филиповци“.
Освен што се прошетаа во градот, кој се смета за еден од најубавите во Европа, особено за време на празниците, тие беа и на концертот на Џејмс Артур.
И двајцата објавија видеа и фотки од концертот, и споделија дел од атмосферата со своите следбеници.
„Виена. Џејмс Артур. Учам од најдобриот“ - напиша Стефан на Инстаграм.
Погледнете ги фотографиите:













А. Ј. | Црнобело