Наша инфлуенсерка ѝ прослави прв роденден на ќерката со тематска роденденска забава „снегулка“ (фото)
- Детали
- понеделник, 26 јануари 2026
„Среќен роденден снегулке! Парчето што ни фалеше во нашата сложувалка за сè да има смисла... Те сакаме најмногу, сега си голема и те молиме од денес да спиеме конечно сите нормално“, шеговито ѝ честиташе роденден Христина Пан на најмалата ќерка.

Христина Пан ѝ го прослави 1-иот роденден на ќерката Калија со тематска роденденска забава „снегулка“ во една скопска игротека.

Инаку, Христина со сопругот Петар ги има и 3-годишните близначки Хана и Тара.

Христина напиша:
„Среќен роденден снегулке! Парчето што ни фалеше во нашата сложувалка за сè да има смисла... Те сакаме најмногу, сега си голема и те молиме од денес да спиеме конечно сите нормално.
Нашата снегулка имаше зимска роденденска бајка. Ви благодариме на сите кои дојдовте и ни го разубавивте денот“.

Од изработка на снегулки до снежни кралици со круни, малата Калија ја имаше својата зимска бајка.
Повеќе фотографии од роденденот:





