Саканиот на Тамара Тодевска емотивно ѝ честиташе роденден на ќерка ѝ - Хана наполни 10 години
- Детали
- среда, 29 април 2026
„Најсреќна да си, очи мои сини“, напиша партнерот на Тамара, архитектот Лука Радовиќ, кој на Инстаграм Стори објави три фотки од Хана.

Хана, ќерката на Тамара Тодевска, која ја има од бракот со Александар Димитровски Мачка, денес (29.04) полни 10 години.
Пејачката, секоја година за ќерката подготвува интересна роденденска честитка, а овој пат преку Инстаграм Стори сподели две фотографии, направени денес.

На едната е Хана со својот помал брат Дарен, а на втората е Тамара со децата и нејзиниот партнер, архитектот Лука Радовиќ, со кого е во врска подолго време.
„Среќен роденден прва мамина љубави“, напиша Тамара на фотките.

Лука, пак, кој не крие дека ги обожава децата на пејачката, и самиот објави три фотки од Хана, со роденденска честитка за неа.
„Најсреќна да си, очи мои сини“, напиша тој на Инстаграм Стори.

Погледнете повеќе фотографии:



А. Ј. | Црнобело