Софија Јанева по првиот роденден на синот: „Ниту една мајка не сака да чуе - Паѓа срцева акција, мора итен царски”
- Детали
- вторник, 10 февруари 2026
„Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени, но уште 1.000 пати би поминала низ таа болка само за да го добијам Матео“, вели Софија Јанева која на роденденот на синот објави кадри и детали од болница од денот на породување.

Инфлуенсерката Софија Јанева со сопругот и најблиските на 31-ви јануари му го прослави првиот роденден на синот Матео со тематска забава во еден скопски локал.

Со колички, картички со неговиот лик, импровизација на бензинска станица и што уште не, таа направи вистинска детска бајка, обоена во сино.


Но, на денот на роденденот, таа се потсети и на тешкото искуство со породувањето, објави кадри од болница и сподели за моментот кога ѝ кажале дека мора на итен царски, миг со кој се соочуваат многу жени при породувањето.


Прочитајте и Емотивен момент на свадба во Скопје: Софија Јанева се омажи во венчаницата што мајка ѝ ја носела пред 30 години
Таа за ова искуство за CRNOBELO.com вели:
„Породувањето беше искуство што засекогаш ме промени. До тој ден мислев дека знам што е сила, што е страв, што е љубов. А всушност, немав поим.
Имав илјада мисли во главата. Очекувања, приказни што сум ги слушала, туѓи искуства што несвесно ги носев со себе.

Имаше моменти на неизвесност, моменти кога телото ми зборуваше погласно од разумот, моменти кога ми се чинеше дека не можам повеќе. Болката не беше само физичка, беше и ментална борба со самата себе.
Имаше страв. Имаше солзи. Имаше моменти кога се чувствував ранливо, оголено, преплашено.
Но, имаше и доверба. Доверба во моето тело, во процесот, во докторите, во Господ, во тоа дека на крајот сè ќе биде како што треба, иако не е онака како што замислував или планирав.

