Први кадри од Даниел Кајмакоски по немилиот настан, додека се трага по киднаперите со турско потекло - се огласи и мајка му
- Детали
- четврток, 12 февруари 2026
Прва по киднапирањето на Даниел Кајмакоски се огласи неговата мајка Ружа, а потоа и сопругата Марина... Овој немил настан беше шок и траума за целото семејство, но по неколку денови полнење на батериите со семејството, Даниел се врати на сцената во Белград, посамоуверен од претходно.

Даниел Кајмакоски во Белград за првпат се појави во јавност, откако викендов, по настап во Белград, беше киднапиран.

Тој се појави на закажан настап и самоуверено настапи, без разлика на хоророт кој го доживеа неодамна.

Инаку, мајката на Даниел, Ружа за српските медиуми прва се огласи за ситуацијата, по киднапирањето:
„Се слушнавме со Даниел. Важно е дека е жив, а дали е добро, рано е да се каже, изјави таа и додаде дека ова е голем стрес за целото семејство.
Во таква ситуација човек најмногу стравува за своите деца. Јас сум во шок“.


Сепак, со овој настап, толку скоро после немилиот настан Даниел покажа дека е добро и дека психички е навистина силна личност.

Тој по стресната ситуација, неколку дена помина со семејството да ги надмине тешките моменти, а сега повторно застана пред белградската публика (видео ТУКА).

Веќе има и најава дека на 14-ти февруари по повод Денот на вљубените ќе настапи во кабаре шоу во познатиот белградски клуб „Lafayette Cuisine Cabaret Club“.

Инаку, полицијата и понатаму трага по двајцата мажи кои го киднапираа Даниел во Бетон хала во Белград. Киднаперите со неговиот автомобил поминале 63 километри бегајќи од полицијата.