Германец се воодушеви од Шар Планина, објави видео додека борда: „Ова не се Алпи, Македонија е!“
- Детали
- петок, 13 февруари 2026
„Дали е ова и понатаму едно од најдобрите места во Европа? Нема лифтови, нема гужва, само планини, свежи линии, на секое спуштање, преку цел ден. Дали би бордале тука?“, прашува Германецот Винсент Терер во своето видео за земјава.

Германскиот сноубордер Винсент Терер (24), кој се натпреварува и во сноубординг чаленџери во светот, неодамна ја посети Македонија.

Со неколку пријатели и својата даска за бордање на снег, тој замина на Шар Планина - организирано се качи на еден од планинските врвови, а потоа се спушташе кон подножјето на планината преку недопрениот снег, што го воодушеви уште повеќе.


Винсент објави едно видео од бордањето на Шара на крајот на јануари, кога беше во земјава, а второто пред неполни 2 дена.


Во видеото на Инстаграм, тој покажува дел од ски патеките кои ги поминал, и прашува: „Дали е ова и понатаму едно од најдобрите места во Европа?“

