Летово од Скопје ќе се лета до Сардинија и Сицилија – конечно долгоочекуваните дестинации
- Детали
- вторник, 17 февруари 2026
Сардинија и Сицилија се едни од најпосакуваните летни дестинации кои се малку потешко достапни од кај нас, а од јули 2026 конечно ќе има директен лет со WizzAir од Скопје до Алгеро Сардинија, како и до Палермо.
фото: depositphotos.com
Љубителите на патувања најмногу ги сакаат вестите за отворање на нови авиолинии од Скопје.
Токму таква е оваа вест, која ја сподели министерот за транспорт и врски, дека од јули годинава се отвораат две нови авиолинии од Скопје до Италија.
Станува збор за Сицилија и за Сардинија, едни од најпосакуваните дестинации на туристите во текот на летниот период.
Во продолжение целата Фејсбук објава:
Уште две нови авиолинии од Скопскиот аеродром! Убави вести за сите што сакаат да патуваат, како и за сите што сакаат да ја посетат Македонија.
Од 18ти јули од Аеродром Скопје ќе може да се лета за Алгеро Сардинија во Италија
Од 15ти јули од Скопје ќе може да се лета и до Палермо во Италија
Со овие две нови авиолинии на Wizz Air се очекува уште повеќе да го зголемат авио сообраќајот на Скопскиот аеродром кој во 2025 година имаше рекордна година со над 3.2 милиони патници и со новите линии станува лидер во регионот.
Исто така најавено е зголемување на бројот на летови и патници на постојаните линии, како и нов авион на Скопскиот аеродром од најновата класа на Airbus A321 Neo.
Имајќи предвид дека ова се линии кои ќе оперираат во летната сезона за нив не се предвидени субвенции, што е квалитет плус и показател дека комерцијално се повеќе ќе има интерес за Скопскиот аеродром.