Место со врвно кафе во Скопје - „Тhe Dudе" повторно меѓу 100 најдобри кафетерии во светот
- Детали
- четврток, 19 февруари 2026
Еден од најкул локалите во Скопје специјализирано за кафе, The Dude, втора година по ред се најде на листата со топ 100 кафетерии во светот – само три земји од Балканот се меѓу најдобрите.

На листата со топ 100 кафетерии во светот, втора година по ред се наоѓа и едно наше локално кафуле.
Станува збор за The Dude, локал специјализиран за кафе со уникатен ентериер, кој годинава е на 85-тото место на листата.

На листата со топ 100 кафулиња, само три се од Балканот, едно од Бугарија, едно од Грција, и секако The Dude од Македонија, што е одличен успех.

На својот Инстаграм профил, екипата сподели објава со повеќе фотографии од Фестивалот за кафе во Мадрид, каде упатија благодарност до сите за оваа чест.
„Почестени сме и вистински благодарни што присустувавме на Фестивалот за кафе во Мадрид, каде The Dude беше рангиран на 85-тото место на листата со Топ 100 најдобри кафетерии во светот.
Втора година по ред на глобалната Топ 100 листа – нешто што не го земаме здраво за готово.

Она што започна како мал сон во Скопје, прерасна во нешто многу поголемо за нас – заедница, место за среќавање, споделена пасија.
Тоа што гледаме дека е препознаено на глобалната сцена длабоко нè трогнува.

За нашиот неверојатен тим – вашата посветеност, талент и срце се основата за сè што правиме. Ова достигнување ви припаѓа вам.
За нашите гости, пријатели, партнери и поддржувачи – ви благодариме што ни ги доверувате вашите секојдневни ритуали, разговори и моменти. Вие сте причината заради која постои The Dude.

Горди сме и бескрајно благодарни!
Од Скопје до светот – патувањето продолжува, шолја по шолја“.





М. М. | Црнобело